More

    Хезболах изврши серија напади врз Израел

    spot_img

    Либанската паравоена организација Хезболах утринава соопшти дека извршила серија напади врз Израел, вклучително и ракетен напад врз израелска касарна.

    Израелската армија (ИДФ) соопшти дека утринава од Либан кон северен Израел се лансирани околу 50 ракети.

    Поради истреланите ракети во градовите, во горниот и во западниот дел на Галилеја се слушаат сирени за предупредување од напад, а засега нема информации за повредени.

    Во три напади што се случија помеѓу 7:15 и 7:20 часот по локално време, проектили ги погодија израелските сили собрани во населбите Штула и Маскаф Ам и „група израелски непријателски сили во касарната Шомера“, прецизираше Хезболах.

    Портпарол на израелската болница „Рамбам“ изјави за Си-Ен-Ен дека имало „инцидент“ во северниот дел на земјата, но рече дека не може да коментира за бројот на лица примени на лекување.

    Болницата „Рамбам“ е главната медицинска установа во северен Израел и клучна локација за лекување на ранетите војници во тој регион.

    Си-Ен-Ен побара коментар од израелската војска која наведе дека не може ниту да ги потврди ниту да ги негира извештаите.

    Хезболах наведе дека постигнале неколку „директни“ и „прецизни“ удари.

    Либанската милитантна група утринава излезе со соопштение дека нивните борци го одбиле обидот на израелските сили да влезат во либанскиот град Адаисе.

    Израел најави дека дополнителни трупи ќе се приклучат на неговата копнена инвазија во јужен Либан, пренесува британски Гардијан.

    Во пораката објавена на својот официјален канал на Телеграм, ИДФ вели:

    „Нашата 36-та дивизија, вклучувајќи војници на бригадата Голани, 188-та оклопна бригада, 6-та пешадиска бригада и дополнителни сили, се приклучуваат на ограничените, локализирани и насочени напади врз цели поврзани со терористите на Хезболах и врз терористичката инфраструктура во јужен Либан, напади кои започнаа во понеделникот“.

    Покрај тоа, се вели дека „војниците се придружувани од IAF и од 282-та артилериска бригада“.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img