Џорџина Родригез, партнерката на фудбалерот Кристијано Роналдо, уживаше деновиве на модната недела во Париз. Таа се појави на ревијата на Ветеменс за пролет и лето 2025 година, а вниманието го привлече со својата модна комбинација.
Родригез на настанот се појави во црн мини фустан од кадифен материјал. Тесниот фустан ја истакна нејзината завидна фигура, а имаше и длабоко деколте.
Со фустанот облекла и црни хулахопки и штикли.
Таа го сподели и својот аутфит на Инстаграм, што предизвика различни реакции.„Ти си кралицата“, „Убава жена и секогаш со стил“, „Оваа жена е на друго ниво и го знае тоа“, „Ти си најубава“, напишаа некои.
Сепак, многумина не се согласија со нив и ја критикуваа Џорџина. „Овде изгледа евтино“, „Знае само да го покаже телото и ништо друго“, напишаа тие.
Џорџина на почетокот на септември воодушеви со својата фигура на филмскиот фестивал во Венеција, кога носеше долг бел фустан со длабоко деколте, а Џорџина комбинацијата ја комплетираше со синџир со дијаманти.