More

    Пензионерите денеска ќе добијат пензија за септември со зголемен износ за 2.500 денари

    spot_img

    Пензионерите денеска ќе добијат пензија за септември со зголемен износ за 2.500 денари, а уште едно линеарно зголемување во износ од 2.500 денари треба да имаат со мартовската пензија. Линеарното покачување на пензиите, што е предизборно ветување на новата Влада, е првпат по неколку години. Досега пензиите се усогласуваа со растот на платите и трошоците на живот.

    Собранието на 12 септември ги усвои измените на Законот за пензиското и инвалидското осигурување со кои се овозможи линеарно зголемување на пензиите. Законските измени беа донесени со 78 гласа „за“, по скратена постапка.

    За исплата на пензиите до крајот на годинава со ребалансот на Буџетот се обезбедени дополнителни пет милијарди денари. Од тој износ, 2,5 милијарди денари се средства кои се трансферираат дополнително во Фондот за пензиско осигурување заради реализација на најавеното линеарно зголемување.

    Од Владата потсетуваат дека уште едно ветување станува реалност.

    „Од денеска започна исплатата на септемвриската пензија со покачување од 2.500 денари. Иако ветувањето беше дека во првата година од мандатот ќе се покачат пензиите, Владата во првите 100 дена го реализира ова ветување. Над 330.000 пензионери од денеска го земаат покачувањето од 2500 денари, а од март следната година следува уште едно покачување за 2500 денари, со што пензионерите конечно го добиваат она кое што го заслужуваат, достоинствени пензии и поквалитетен животен стандард. Линеарното покачување на пензиите за вкупно 5.000 денари е уште едно ветување реализирано од страна на Владата и премиерот Христијан Мицкоски.
    За Владата недозволиво е пензионерите наместо да уживаат во своите пензионерски денови, да протестираат и да молат за повисоки пензии. Владата останува 100% посветено да работи за пензионерите и за сите граѓани. 100% посветени. За тебе!“, соопшти Владата.

    Според податоците на Фондот за пензиско и инвалидско осигурување, во август годинава е исплатена пензија на 340.709 лица. Просечната пензија изнесува 21.217 денари.

    Од вкупниот број пензионери,  24.894 примаат пензија со износ до 13.192 денари. Примањата на 118.306 пензионери се движат од 13.192 до 16.909 денари, на  81.081 од 16.910 до 22.500 денари, на 40.056 од 36.615 до 57.481 денар,  а 2,957 над 57.481 денар.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img