More

    Хезболах ќе избере нови лидери, вели заменикот генерален секретар на групата

    spot_img

    Хезболах ќе продолжи да се бори до целосна победа, изјави заменик-генералниот секретар на милитантната група од Либан, Наим Касем, пренесува „Гардијан“. Секоја друга организација би пропаднала, но ние „го сакаме мачеништвото“, рече тој во обраќање до јавноста.

    – Сите сме таму на терен и покрај загубата на некои лидери и Хасан Насрала главна цел, и покрај агресивните напади врз сите цивили во Либан, и покрај жртвите и акциите кои имаат за цел да создадат хаос во нашиот фронт. Ќе останеме таму. Ќе бидеме цврсти. Ќе го продолжиме исламскиот отпор. Ќе продолжиме да се соочуваме со израелскиот непријател во поддршка на Палестина и Газа и во одбрана на нашиот либански народ – вели Касем.

    Toj не објави замена за ниту една од високите личности кои неодамна беа убиени од Израел, но рече дека се работи на случајот. Тој рече „во нашата хиерархија имаме заменици за сите команданти. Имаме други алтернативи во случај лидерот да биде убиен или повреден“.

    Во меѓувреме на социјалните мрежи се појави снимка и шпекулација дека братучедот на Насрала, Хашем Сафиедин, бил заколнат за нов лидер.

     

     

    Според заменик-диракторот на Хезболах, пак, ќе биде избран нов генсек на Хезболах, според постоечките механизми. Тој вели дека групата нема да се откаже бидејќи има надеж во Семоќниот Алах.

    – Пожртвувавме многу од пејџерските операции и мачеништвото на водачите и мачеништвото на водачот. Ако ова се случи на друго место, овие организации ќе пропаднат, но ние не. Одиме понатаму и покрај болките и жртвите. Одиме понатаму затоа што имаме надеж и веруваме на Семоќниот Алах да биде победник. Ние сме луѓе на џихадот – вели тој.

    Заменик-генералниот секретар се пофали и со дострелот на ракетите Хезболах до Израел и нивната способност да гаѓаат места како Хаифа и рече дека само еден проектил предизвикал голем број Израелци да ги напуштат своите домови.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img