More

    Продажбата на загрижувачко ниво, се бараат нови мерки

    spot_img

    Германија и Италија се приклучија на повикот на европската автомобилска индустрија до Европската унија да ги олесни целите за CO2 за автомобилите и да ја разгледа забраната за продажба на автомобили со мотори со внатрешно согорување од 2035 година.

    Италијанскиот министер за индустрија Адолфо Урсо  дека неговата земја, заедно со Германија, работи на поддршка на другите земји во барањето за олеснување на стандардите за емисија на CO2 за автомобилите.

    Како што пренесува порталот Еуроњуз, тие ќе побараат и преиспитување на најавата на ЕУ дека во 2035 година ќе забранат продажба на автомобили со бензински и дизел мотори.

    Урсо ги повтори неодамнешните предупредувања од производителите на автомобили, предвидувајќи дека европската автомобилска индустрија ќе „колабира“ и „десетици илјади“ работни места ќе бидат укинати ако ЕУ не го промени курсот.

    Предупредувањата на Урсо доаѓаат три месеци откако италијанскиот премиер Џорџо Мелони ја нарече забраната за продажба на автомобили со мотори со внатрешно согорување „идеолошко лудило“.

    Пред неколку дена и Европската асоцијација на производители на автомобили (ACEA) јавно повика на одложување на имплементацијата на построгите ограничувања за емисиите по објавувањето на податоците за падот на продажбата на електрични автомобили.

    Влијателната групација со седиште во Брисел, која ги вклучува БМВ, Форд, Рено, Фолксваген и Волво, на 19 август предупреди дека регистрациите на нови автомобили паднале под 644.000 во август, што е пад од повеќе од 18% во споредба со истиот месец во 2023 година .

    Најголем пропорционален пад е забележан кај електричните автомобили, чиј удел на пазарот падна за речиси една третина од минатогодишните 21 процент.

    „Ни недостасуваат клучните услови за да го постигнеме потребниот моментум во производството на возила со нулта емисија: инфраструктура за полнење, вклучувајќи водород, конкурентна производствена средина, прифатлива зелена енергија, купување и даночни стимулации, како и сигурно снабдување со суровини, водород. и батерии“, напиша ACEA.

    Според правилата, годинава производителите на автомобили мора да се погрижат емисиите на сите автомобили што ги продаваат во дадена година да не надминуваат просечни 115,1 грама на километар, а таа граница следната година ќе се заостри на 93,6 грама. Таа бројка ќе биде сè потешко остварлива со падот на продажбата на електрични возила од една страна и доминацијата на поголемите SUV модели.

    Соочена со заканата од казни од повеќе милијарди евра следната година, ACEA ја повика ЕУ да спроведе „итни мерки за помош“, но според Euronews, Европската комисија смета дека самата индустрија е барем делумно виновна за ситуацијата.

    „Ни претстојат уште 15 месеци продажба на автомобили и индустријата има време … да ги достигне своите цели“, изјави портпаролот на Европската комисија за новинарите во вторникот. „Исто така, вреди да се запамети дека целта за 2025 година беше договорена во 2019 година и… ги дизајниравме овие политики за да и дадеме време на индустријата да се приспособи – изјави портпаролот на Европската комисија.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img