Мицкоски одржа плодна тет-а-тет средба со Орбан

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Имав плодна и пријателска средба со унгарскиот колега Орбáн Виктор. Историјата сведочи за нашиот заеднички стремеж кон мир, просперитет и соработка, објави премиерот Христијан Мицкоски по тет-а-тет средбата со унгарскиот премиер Виктор Орбан во премиерската вила во Охрид,
„Унгарија во минатото беше еден од првите наши партнери кој ги препозна македонските стремежи за независност и суверенитет. Со години наназад, политичките и економските врски меѓу нашите држави се продлабочуваат, а денешните средби само го потврдуваат нашето стратешко сојузништво. Унгарија не е само наш партнер во европската сцена, туку и пример за тоа како една држава може успешно да го балансира националниот суверенитет со глобалната интеграција“, објави премиерот Мицкоски.

Унгарскиот премиер Орбан со владина делегација од вчера е во дводневна посета на Македонија, во Охрид. Според агендата, по средбата со Мицкоски следува меѓувладина седница.

Share This Article