More

    Поради поплавите, еве на кого премиерот Туск му објави „војна“

    spot_img

    Додека Полска се бори со последиците од разорните поплави предизвикани од обилните дождови низ централна Европа, полскиот премиер Доналд Туск ги обвини дабарите за влошување на проблемот, пишува „Politico“.

    Туск на неодамнешниот кризен состанок рече дека дабарите им се закануваат на браните и насипите.

    Дабарите ги градат своите брани за да создадат удобни домови за нивните семејства кои ќе ги заштитат од предатори. Сепак, според некои научници, со кои Туск јасно се согласува, дабарите можат да ги оштетат речните брегови и да ги ослабат насипите со копање.

    – Понекогаш треба да изберете помеѓу љубовта кон животните и безбедноста на градовите, селата и стабилноста на насипите – рече Туск, додавајќи дека е неопходно да се одбрани инфраструктурата од дабарите и дека владата ќе дозволи каква било акција, во рамките на законот, заштита на насипите од овие глодари.

    – Направете сѐ што е потребно, јас ќе ги бранам тие одлуки. Насипите денеска се апсолутен приоритет – рече полскиот премиер.

    Исклучителната количина на врнежи во септември доведе до катастрофални поплави низ Централна Европа. Најмалку 16 лица ги загубија животите, повеќе градови во Чешка и Полска се евакуирани, патиштата се затворени, а настаните се откажани.

    Полската влада распореди војска во најпогодените области, кои потсетуваат на слични катастрофални поплави во 1997-ма и 2010-та година.

    – Ова беше објавено само за да се покаже дека владата најде ефикасно и брзо жртвено јагне за поплавите – изјави Чех за Политико.

    Покрај тоа, ловците и фармерите формираат силно лоби во еден од коалиционите партнери на Туск, селско-конзервативната партија ПСЛ, според Чех.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img