Минатата недела Милан загуби на домашен терен од Ливерпул со 1:3 во првото коло од Лигата на шампионите.
Звонимир Бобан како стручен коментатор за Скај Спортс го коментираше поразот од својот поранешен клуб. Поранешниот директор на Милан и капитен на Хрватска ја критикуваше продажбата на Сандро Тонали во Њукасл, нарекувајќи ја грешка, а се осврна и на работата на тренерот Пол Фонсека кој летово го презеде тимот.
Бобан не се согласува со изборот на играчи, посочувајќи дека „Тијани Рајндерс не е шестка, туку осумка“, а „Рубен Лофтус-Чик не е десетка, туку осумка“.
Тој, исто така, праша: “Како играте 4-3-3 со двајцата заедно?”
Балотели го критикуваше односот на Бобан кон Фонсека во шоуто Vox to Box, сметајќи дека е неприфатлив.
„Не ми се допаѓа како зборува Бобан. Изгледа тој знае се и дека само неговите идеи се точни, а останатите се идиоти. Како е само дрско да му кажеш одредени работи на Фонсека, да му кажеш на тренерот како да си ја заврши работата? Кој си ти? Бобан напаѓа одозгора. Немам проблем да кажам дека ми оди на нерви. Ако убаво го претставиш својот став, во ред е. Во спротивно, оди по ѓаволите“, изјави Балотели кој моментално е без клуб.
Балотели во некои моменти од кариерата беше еден од најдобрите напаѓачи во светот, но имаше проблеми со однесувањето и континуитетот. Играше за Интер, Манчестер Сити, Милан, Ливерпул, Ница, Марсеј, Бреша, Монца, Сион и Адана Демирспор.