More

    МВР – ИЗВАДОК ОД ДНЕВНИТЕ НАСТАНИ, 24.09.2024

    spot_img

    СВР Битола до Основните јавни обвинителства во Битола, Прилеп, Ресен и Кичево поднесе кривични пријави против осум лица поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „предизвикување на општа опасност“ по член 288 од Кривичниот законик, сторени во периодот од 15.06.2024 до 23.09.2024.  СВР Битола до ОЈО Битола поднесе кривична пријава против Г.А.(75) од  Битола затоа што на 17.08.2024 запалил оган во просторот помеѓу дворот и градината до неговата куќа во с.Облаково, битолско, со намера да го изгори сметот, со што предизвикал пожар.  СВР Битола поднесе кривична пријава и против Л.М.(53) од Битола затоа што на 10.08.2024, додека заварувал со апарат за заварување и сечел со брусалка, не го обезбедил местото и од искра предизвикал пожар на сува трева на гробиштата во с.Кременица, битолско.  ОВР Крушево, до ОЈО Прилеп поднесе кривична пријава против В.Ш.(56) од с.Пуста Река, крушевско, затоа што во дворот истурила пепелник од шпорет со жар, при што настанал пожар на сува трева, кој зафатил и плевна и борова шума над с.Пуста Река.

    ОВР Македонски Брод до ОЈО Кичево поднесе кривична пријава против Т.Д.(57) од Прилеп затоа што на 05.08.2024 бил затекнат на место каде настанал пожар и кај него биле пронајдени предмети со кои го предизвикал пожарот.  ОВР Прилеп до ОЈО Прилеп поднесе кривична пријава против Г.К.(54) од с.Штавица, прилепско, затоа што на 05.08.2024 запалил сува трева во својот имот, а огнот се проширил и зафатил сува трева во соседните парцели.

    ОВР Ресен, до ОЈО Ресен поднесе кривична пријава против A.М.(43), М.П.(40) од Ресен и Ф.А.(52) од с.Алданци, крушевско. На 16.08.2024 ,А.М. ,поттикнат од второ и трето осомничениот, со шише бензин подметнал пожар кај помошната просторија кај место викано „Старски дом“, каде што живеат повеќе семејства. На тој начин  тој го сторил делото „предизвикување на општа опасност“, казниво по член 288 во врска со член 23 од Кривичниот законик.

    На 23.09.2024 во 11.50 часот, полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога при СВР Велес го лишиле од слобода С.Б.(42) од Велес затоа што кај него биле пронајдени и одземени бела грутчеста материја и зелена растителна материја. С.Б. бил приведен во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

    На 23.09.2024 во 17.20 часот во Скопје, на подрачјето на Центар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Б.Т.(37) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

    На 23.09.2024.во 22.10 часот во Скопје, на подрачјето на Бит Пазар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода К.Г.(37) од Скопје затоа што кај него биле пронајдени и одземени бела прашкаста материја и марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

    На 23.09.2024 во 17.15 часот во Скопје, на подрачјето на Карпош, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Д.С.(22) од Кавадарци затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

    Денеска (24.09.2024) во 01.40 часот во Скопје, на подрачјето на Бит Пазар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го привеле С.Н.(30) од Скопје затоа што кај него биле пронајдени и одземени боксирач, електричен парализатор и нож. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок по член 80 од Законот за оружје.

    На 23.09.2024 во 17.15 часот во Скопје, на подрачјето на Карпош,  полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го привеле Д.М.(22) од Крива Паланка затоа што кај него биле пронајдени и одземени ножеви. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок по Закон за оружје.

    На 23.09.2024 околу 11.00 часот о СВР Скопје било пријавено дека на крстосница  од ул.„Васил Главинов“ со ул.„Максим Горки“ се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „опел корса“ со скопски регистарски ознаки, управувано од С.Н.(38) и велосипед управуван од И.Д.(40), двајцата од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил велосипедистот, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ во Скопје. Извршен бил увид од увидна екипа на СВР Скопје.       

    На 23.09.2024 во 16.30  часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„11 Октомври“ во Скопје, мотоцикл „хонда“ со скопски регистарски ознаки, управуван од С.Б.(30) од с.Гиновце, кривопаланечко, удрил во пешакот Џ.Р.(58) од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, додека пешакот се здобил со телесни повреди, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ во Скопје. Извршен бил увид од увидна екипа на СВР Скопје.

     На 23.09.2024 во 21.40 часот во СВР Тетово било пријавено дека на улица „ЈНА“  во Тетово се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фолксваген голф” со гостиварски регистарски ознаки, управувано од А.Џ.(22) од с.Пирок, тетовско и мотоцикл со тетовски регистарски ознаки, управуван од малолетник од Тетово. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил малолетникот, констатирани во Клиничка болница во Тетово. Увид на местото на несреќата извршила екипа од СВР Тетово.

     На 23.09.2024 околу 18.00 часот во СВР Штип било пријавено дека на велосипедска патека на ул.„Партизанска“ во Штип се случила сообраќајна несреќа помеѓу велосипед управуван од Ѓ.Г.(51) од Штип и друг велосипед управуван од Н.Т.(68) од Струмица. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил Н.Т., додека со телесни повреди велосипедистот Ѓ.Г., констатирани во Клиничка болница Штип. Извршен бил увид од увидна екипа на СВР Штип.

     На 23.09.2024 во 10.50 часот во Полициската станица Аеродром, И.Б.(36) од Скопје пријавил дека на ул.„Бојмија“ во Скопје бил каснат од куче скитник.

     На 23.09.2024 во 10.20 часот во Полициската станица Гази Баба, И.С.С.(39) од Скопје пријавил дека во нас.Керамидница, покрај кејот на Вардар во Скопје, бил каснат од куче скитник.

     На 23.09.2024 во 17.10 часот во Полициската станица Аеродром, Б.Т.(62) од Скопје пријавила дека на бул.„Асном“ во Скопје била касната од куче скитник. 

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img