Американската пејачка Лејди Гага се појави во втората епизода на „Што е следно? Иднина со Бил Гејтс“ и зборуваше за гласините што ја следеа на почетокот на нејзината кариера. Говорејќи
„Зошто, по ѓаволите, ќе си го губам времето испраќајќи соопштенија за печатот за тоа дали имам или немам пенис? На моите обожаватели не им е грижа, а ниту на мене“ – рече пејачката пред 13 години, а дури во новото шоу на Бил Гејтс кое беше премиерно прикажано на Нетфликс, поп ѕвездата повторно проговори на таа тема.
Таа рече дека кога имала 20 години се зборувало дека е маж.
– Го поминав целиот свет, бев на турнеи, промовирав албуми и речиси во секое интервју ми кажуваа дека има гласини дека сум маж и ме прашуваа што имам да кажам за тоа. Имаше фотошопирани фотографии на Интернет и луѓето велеа: „Знаете дека постојат гласини дека си маж, што имаш да кажеш на тоа? – се присети Гага.
Пејачката признава дека била во ситуации кога корегирањето на гласините не било во најдобар интерес и се обидувала да биде провокативна на друг начин, односно да користи дезинформации.