More

    Испливаа приватни снимки на познатата пејачка Ана Николиќ

    spot_img

    „Дали е ова нормално? Ова е хорор филм. Ниту Хичкок не може да го замисли ова. Дајте бре, најдете ги сите баби и дедовци кои постојат на овој свет. Што е бре ова? Значи ова не е нормално. Знаете ли дека потрошив цела ролна тоалет хартија додека не го сопрев крвавењето? Од една точкa пукна суво. Како што сум се нашминкала, е вака повлеков, не пипнав ништо јако“.

    Вака вели познатата српска пејачка Ана Николиќ на видео кое го споделија некои српски медиуми. Приватната снимка на пејачката е од 12 февруари кога Ана се снимала себеси во својот автомобил во доцните вечерни часови. Снимката може да се прегледа овде.

    Ана и минатата година имаше големи проблеми со лицето, кога ѝ се отворија рани на лицето, поради што лузните ги криеше со мрежи и со циркони.

    „Лузните на лицето се само мал показател за исеченици во душата“, напиша тогаш Ана на Инстаграм.

    Ана Николиќ неодамна на социјалните мрежи влезе во војна со својот поранешен сопруг, раперот Стефан Ѓуриќ Раста. Таа на Инстаграм дури се пошегува со пораките што ѝ ги праќа раперот.

    Во понеделникот српските медиуми напишаа дека таа во кафуле ов трговски центар во Блеград со ташна удирала маж. Неименуван извор на Курир тврди дека таа „чудно се однесувала“, но и дека тоа „не изненадило никого од присутните“.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img