Два кинески брода пристигнаа во Владивосток, на рускиот Далечен Исток, на заеднички маневри со Русија, соопшти денеска Министерството за надворешни работи на Русија. „Од 16 до 20 септември два брода на кинеската крајбрежна стража се во Владивосток“, се наведува во соопштението.
Бродовите ќе учествуваат во руско-кинески маневри и ќе вршат заеднички патроли.
„Официјалната церемонија за пречек се одржа на 17 септември“, се додава во соопштението, заедно со фотографиите на кои се гледа жена во руска носија како им нуди леб и сол на кинеските морнари во пристаништето Владивосток.
Врските меѓу Москва и Пекинг дополнително се зајакнаа од почетокот на руската офанзива против Украина, која Кина никогаш официјално не ја осуди.