More

    Во брод на турско пристаниште биле пронајдени 137 килограми кокаин

    spot_img

    Капетанот Марко Бекавац од Сплит со првостепена пресуда е осуден на 30 години затвор откако минатата година во турското пристаниште Ерегли во товарот на неговиот брод бил пронајден кокаин.

    Тој се наоѓа во турскиот истражен центар во Анкара од октомври минатата година, кога полицијата пронашла 137 килограми кокаин на брод под панамско знаме кој превезувал јаглен од Колумбија.

    Тогаш беа уапсени 10 морнари, шестмина од Филипините, по еден од Финска, Полска и Русија и Бекавац, кого турските власти го сметаат за одговорен за командната одговорност. Покрај капетанот Бекавац, судот го прогласи за виновен и првиот офицер на палубата, додека останатите обвинети беа ослободени.

    Хрватски Индекс го контактирал Невен Мелван, претседател на Хрватскиот сојуз на морнари, кој присуствувал на судењето со сопругата и со братот на капетанот Бекавац. Тој рекол дека неправосилната пресуда ги шокирала сите присутни.

    – Капетанот Бекавац и првиот офицер на палубата беа осудени на 30 години затвор, а останатите се ослободени. Минималната казна овде е 20 години, ако најдат нешто друго ја удвојуваат. Овде е морничава атмосфера. Сега жешкиот компир го турнаа во второстепениот суд – рекол тој, додавајќи дека судијата немал храброст да донесе вистинска одлука.

     

    фото: Нова.рс

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img