Ракета истрелана од Јемен во централен Израел погоди ненаселена област и не предизвика повредени, соопшти во неделата израелската војска.
Сирените за воздушен напад се огласија во Тел Авив и низ централен Израел, што ги натера жителите да избегаат за да се засолнат.
„Откако се вклучија сирените во централен Израел, беше идентификувана ракета земја-земја која дојде од исток и падна на отворен простор. Нема повредени“, соопштија од армијата.
Во регионот се слушнаа гласни бумови, за кои војската рече дека доаѓа од лансирање на пресретнувачи на проектили. Таа додаде дека нивните упатства за заштита на израелските жители остануваат непроменети.
Во јули, јеменските Хути истрелаа беспилотно летало со долг дострел во Тел Авив, при што загина едно лице, а беа повредени уште четворица. Нападот го поттикна Израел да изврши голем воздушен напад врз воени цели на Хутите во близина на јеменското пристаниште Ходеида, при што загинаа најмалку три лица, а 87 беа ранети.