Земјотрес со јачина од 4,1 степени според Рихтеровата скала ја погоди источна Турција, соопшти Европскиот медитерански сеизмолошки центар (EMSC).
Земјотресот се случил на длабочина од девет километри и на 38 километри западно-северозападно од градот Ерзинџан, односно 32 километри јужно од градот Келкит, соопшти EMSC.
Засега нема информации за повредени или материјална штета.