More

    Трамп се огласи и ѝ порача на пејачката

    spot_img

    Објавата на Инстаграм во која американската мегаѕвезда Тејлор Свифт ја изрази својата поддршка за претседателската кандидатка на демократите Камала Харис собра 10 милиони „лајкови“, вклучително и од други ѕвезди како Џенифер Анистон, Кејтлин Кларк или Селена Гомез.

    Набргу откако Харис го заврши соочувањето со својот републикански противник, Доналд Трамп, во вторникот вечерта, Свифт (34) им кажа на своите 283 милиони следбеници дека Харис и нејзиниот потпретседателски кандидат ќе го добијат нејзиниот глас на изборите на 5 ноември.

    „Гласам за @kamalaharris бидејќи таа се бори за правата и целите за кои јас верувам дека треба да ги брани еден воин“, објави Свифт.

    Таа ја нарече Камала Харис „сталожена“ и „надарена“ и рече дека мисли дека ќе ја води земјата смирено, а не хаотично.

    Свифт се фотографираше со својата мачка во објавата што ја нарече „Љубителка на мачки без деца“, со што го „поткачи“ кандидатот за потпретседател на Трамп, Џеј Ди Венс, кој во интервјуто во 2021 година некои демократки ги нарече „куп љубителки на мачки без деца“. Во меѓувреме рече дека во прашање бил само  саркастичен коментар.

    Поддржувачот на Трамп, Илон Маск, шеф на Тесла и сопственик на социјалната платформа Икс, и напиша на Свифт: „Во ред, Тејлор… победи… Ќе ти дадам дете и ќе ги бранам твоите мачки со својот живот“.

    Неговата порака е наречена „одвратна“, „мизогина“ и „морничава“.

    Трамп во средата рече дека „не е обожавател на Тејлор“.

    „Тоа беше само прашање на време“, рече Трамп во интервјуто за „Фокс њуз“.

    „Таа е многу либерална личност. Се чини дека секогаш поддржува демократ, а веројатно ќе ја плати цената за тоа на пазарот“.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img