Три жени загинаа, а пет лица се повредени во руските напади врз градот Костиантивка во областа Доњецк, на истокот на Украина, соопштија обвинителите.
Руската армија гранатираше станбен дел од градот, оддалечен околу 14 километри од зоната на активни борбени операции и уби две постари жени, пренесува Ројтерс.
Подоцна, тие удриле во друга станбена зона, убивајќи една средовечна жена и раниле уште пет цивили.
Доњецк, кој беше окупиран од Русија, постојано е на удар и од земја и од воздух.
Москва негира дека цели кон цивили или цивилна инфраструктура за време на инвазијата на Украина, иако илјадници луѓе беа убиени токму во такви напади, пренесуваат агенциите.