More

    Захарова ја коментира дебатата меѓу Трамп и Камала

    spot_img

    Портпаролоката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, ја спореди претседателската дебата во САД со боксерски меч на „Титаник“.

    – Самата формулација на прашањето (кој победи во дебатата) е малку чудна. Да ја прикажеме ситуацијата поинаку, да ја погледнеме сликата малку пошироко. Го имаме „Титаник“ – моќен, многу скап… На истиот „Титаник“ се одржува меч меѓу двајца познати борци, на пример, боксер, кик-боксер или некој друг, џиу-џицу – изјави Захарова за руски „Спутник“.

    Таа предложи да се замисли дека по завршувањето на еден таков натпревар, луѓето дебатираат кој победил.

    – Важно ли е? До сантата мраз остануваат уште 15 минути – истакна Захарова.

    Според нејзината проценка, САД се движат кон катастрофа, додека остатокот од светот се обидува да се спаси.

    За Захарова, следењето на дебатата во САД нема смисла, бидејќи американските политичари не се обидуваат да се потпираат на факти и не одговараат за своите зборови.

    – (Кандидатите) кажуваат работи кои веднаш самите ги побиваат. Или побиено од водачите на овие дебати… Уште еднаш гледаме емисија во изведба на луѓе кои, очигледно, не се одговорни за своите зборови, никако, никогаш – истакна Захарова.

    Според неа, меѓународната заедница е загрижена поради овие дебати, бидејќи значаен дел од нив е посветен на глобалната агенда.

    – Кој, како и до кој степен (САД) ќе казнува следниот пат – со пари, политички одлуки, санкции и слично – објасни таа.

    Во првата дебата меѓу Камала Харис и Доналд Трамп, според аналитичарите, победи Харис, а меѓу причините беа наведени непристојноста и гневот на Трамп на моменти од дебатата, но и забелешките од модераторите за неколку факти кои ги искажа Трамп, кои беа оценети како лаги.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img