Камала Харис веројатно ќе го критикува својот соперник Доналд Трамп во врска со правата за абортуст, додека тој ќе ѝ возврати со темите за мигрантите на границата со Мексико и растечката инфлација во САД. Ова се очекувањата за првото соочување на претседателските кандидати за претстојните ноемвриски избори во САД, пишува Дојче Веле.
Дебатата е закажана за 21 часот по локално време, односно 3 часот по полноќ по македонско време, а ќе се емитува на Еј-Би-Си-Њуз.
Харис веројатно ќе го спомне и упадот во Капитол на 6 јануари 2021 година и веројатно ќе го критикува Трамп за „Проект 2025“, платформа која некои ја оценуваат како ултраконзервативна.
Трамп, пак, е познат по своите непредвидливи коментари.
– Не можете да се подготвите за претседателот Трамп. Едноставно нема начин да се направи тоа – им рече на новинарите советникот на Трамп во кампањата Џејсон Мулер.
Тој ја спореди Камала Харис со „боксер кој се обидува да се подготви за Мухамед Али“.
– Не знаеш од кој агол ќе се сврти кон тебе – додава Милер.
Фактот што Трамп им 78, а Харис 59 години ќе има улога на сцената и во тоа како гледачите ќе го доживеат дуелот. Ова прво соочување е важно и затоа што ќе бидат претставени кандидатите и нивната биографија. Харис претходно беше обвинителка во нејзината родна држава Калифорнија. Трамп има минато на милионер, но сега се соочува со десетици обвиненија.
Трамп за дуелот се спрема со помош на поранешната демократска конгресменка ТулсиГабард. Таа има искуство со дебатите со Камала Харис, бидејќи дебатираше со неа на прелиминарните избори на Демократската партија во 2020 година.
Во септември 1960 година, за првпат во живо на телевизија беше емитувана претседателската дебата во САД. На дуелот Ричард Никсон, кој беше и фаворит со осумгодишно искуство во тогашната влада, се појави болен, со оглед на тоа што претходно бил хоспитализиран поради повреда на коленото. Неговиот соперник, Џон Ф. Кенеди изгледаше посвеж и помлад.
Ова влијаеше на рејтингот на Кенеди кој растеше во текот на кампањата и тој го победи Никсон на изборите.