More

    Програма за иновативни експедиции и за зачувување на живиот свет во океаните

    spot_img

    „Пежо“ го продолжи партнерството со „Under The Pole“ за програмата за подводно истражување. Оваа програма комбинира иновативни експедиции низ светот, научни истражувања и активности за подигање на свеста за зачувување на океaните и живиот свет во нив. „Пежо“ ја дели оваа филозофија и одлучи да го стави образованието на прво место во својата стратегија и да го фокусира својот придонес кон конкретни едукативни активности кои позитивно ќе влијаат врз животната средина.

    Програмата „Under The Pole“ е основана од Ghislain Bardout и Emmanuelle Périé-Bardout во 2018 во Concarneau, Франција. Заедно со „Пежо“, имаат исти амбиции да се користи науката и технологијата за заштита на животната средина, особено окенаите. Програмата се состои и од интеракција со пошироката јавност за да подигне свеста и важноста на оваа идеја.

    „Under The Pole“ има 3 мисии

    – Организирање иновативни експедиции низ светот фокусирани кон начучно истражување на океаните, особено поларните и изолирани региони.

    – Поддршка на научните истражувања, особено преку програмата „Deeplife“, која ги истражува морските животни во мезофотската зона (темна зона со длабочина од 30 до 200 метри) и нивната клучна улога во функционирањето на морскиот екосистем. Тековната мисија, која ќе трае до 15 окомври 2024, во Грција, Италија и во Франција, се обидува да утврди дали медитеранските мезофотски екосистеми можат да послужат како засолниште од климатските промени. Овие студии претставуваат главна истражувачка оска во наредните години за да се разбере врската помеѓу површинските и мезофотичните популации и да се спроведат соодветни мерки за заштита.

    – Зголемување на јавната свест и зачувување на океаните, врз основа на убедувањето дека знаењето има смисла доколку се споделува. Оваа програма, насочена кон едукација на младите и подигање на јавната свест, има форма на едукативен караван во кој се презентираат откритијата на нуркачите и научниците. Извонредната сценографија инспирира и ги поттикнува луѓето да го подобрат знаењето за морските екосистеми.

    „Пежо“ едуцира заедно со „Under the Pole“

    Во согласност со овие едукативни активности, сосема е природно „Пежо“ да стане официјален едукативен партнер на „Under The Pole“. Оваа нова заложба ќе се реализира на четири начини:

    – Преку креирање едукативни содржини посветени на тоа што се случува за време на експедициите, објаснувања на научните програми и техники на истражување. Овие видеа ќе се најдат и на социјалните межи на „Пежо“ и „Under The Pole“.

    – Организирање едукативни денови за време на грчката и француската етапа на Медитеранската мисија помеѓу април и октомври 2024. „Пежо“ со „Under The Pole“ работеле на овозможување едукативни денови за учениците во Грција, каде се вршела истражувачката мисија.

    – Заеднички говори на партнерите на професионални настани во автомобилскиот, нуркачкиот и научно-истражувачкиот сектор.

    – „Пежо“ обезбеди две Peugeot Boxer возила за транспорт на целата потребна опрема за различните мисии на програмата. Првиот Peugeot Boxer се користи за влечење на бродот за нуркање и за транспорт на бројната опрема потребна за четирите мисии на медитеранската програма. Вториот Boxer се користи за транспорт за образовниот тим на „Under The Pole“ низ Франција за акциите за подигање на свеста на пошироката јавност и учениците за океаните. Оваа патувачка мисија има за цел да ја зголеми свеста кај повеќе од 5.000 луѓе во следните 12 месеци.

    „Пежо“ овозможи и три 100% електрични возила (Е-208 и Е-308 SW) за да се поедностави секојдневното движење на тимот од „Under The Pole“ со нула емисии.

    „Пежо“ е особено горд на партнерството со „Under The Pole“, кое овозможува да се спроведат конкретни и корисни акции за зачувување на нашата животна средина.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img