Променливо облачно со слаб до умерен ветер од јужен правец. Попладне и во текот на ноќта на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, наместа во форма на невреме со интензивен пороен дожд, грмежи, засилен ветер и град.
Минималните утрински температури ќе се движат од 11 во Берово до 20 во Гевгелија, а максималните дневни од 26 во Маврово и 36 Целзиусови степени во Скопје и Гевгелија.
Во Скопје сончево и топло со мала до умерена облачност и со слаб јужен ветер. Попладне во делови од регионот со појава на пороен дожд, грмежи и услови за краткотрајно невреме. Температурата ќе се движи од 17 до 36 степени.
В сабота во земјава ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од променлив правец. Попладне на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, наместа во форма на невреме со интензивен пороен дожд, грмежи, засилен ветер и град.
Минималната температурата ќе се движи од 12 до 19 степени, до максимални 25 до 33 степени.
Слично време нѐ очекува и в недела кога ќе имаме сончево и топло со мала до умерена облачност и со слаб ветер од променлив правец. Попладне ќе има изолирана појава на нестабилност со пороен дожд и ретки грмежи.