Северна Кореја повторно испрати балони со ѓубре кон Јужна Кореја, соопшти денеска јужнокорејската армија.
Пјонгјанг минатата ноќ лансираше околу 420 балони, а повеќе беа забележани утрово.
Дваесетина балони се спуштија во северните делови на Јужна Кореја.
Ќесите прикачени на балоните содржат „хартија и пластичен отпад“, се вели во соопштението на армијата.
Северна Кореја испратила балони за ѓубре во Јужна Кореја 13 пати од мај.