На 03.09.2024, полициски службеници од Мобилната единица за компезаторни мерки при Одделот за гранични работи и миграции го лишиле од слобода Г.Г. од с.Дабиле, струмичко. Околу 18.30 часот на наплатната станица Романовце била извршена контрола на возило – комбе „мерцедес спринтер“ со струмички регистарски ознаки, кое го управувал, при што било констатирано дека превезува стоки од Сојузна Република Германија и само за помал дел поседувал царинска потврда за платени давачки, додека пак за поголемиот дел не поседувал никаква документација. Известен е Отсекот за економски криминал при СВР Куманово и по консултација со јавен обвинител, возилото и предметите за кои не поседувал документација биле одземени. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена кривична пријава по член 278-Б – „прикривање на стоки кои се предмет на криумчарење и царинска измама“ и по член 353 од Кривичниот законик – „злоупотреба на службената положба и овластувања“.
Денеска (04.09.2024) во 01.00 часот во Скопје, на подрачјето на Центар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Н.П.(18) од Куманово, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 03.09.2024 во 23.30 часот во Скопје, на подрачјето на Центар, полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје го лишиле од слобода С.К.(22) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 03.09.2024 во 17.10 часот во Скопје, на подрачјето на Центар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Р.М.(31) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 03.09.2024 во 13.25 часот во Скопје, на подрачјето на општина Аеродром, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода А.А.(27) од Сојузна Република Германија, затоа што кај него биле пронајдени и одземени марихуана и дробилка. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 03.09.2024 во 12.50 часот во Скопје, на подрачјето на Ѓорче Петров, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода С.О.(30) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 03.09.2024 во 15.10 часот во Скопје, на подрачјето на Ѓорче Петров, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода М.С.(21) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 03.09.2024 во 19.45 часот во Валандово, полициски службеници од СВР Струмица – ОВР Валандово го лишиле од слобода Р.К.(28) од село Градашорци, струмичко, затоа што кај него била пронајдена марихуана. По целосно документирање на случајот против лицето ќе биде поднесен соодветен поднесок.
На 03.09.2024 во 21.05 часот на улица „Браќа Блажески“ во Гостивар, полициски службеници од ОВР Гостивар го привеле Ќ.И.(51) од Гостивар, кој бил баран по потерница врз основа на судска наредба за издржување на затворска казна. Тој бил предаден во Казнено – поправната установа Затвор Тетово за издржување на казната.
На 03.09.2024 во 11.25 часот на Граничниот премин Долно Блаце, на влез во државата, полициски службеници го лишиле од слобода К.Б.(32) од Косово, затоа тоа што при извршена пасошка контрола и проверка во оперативната евиденција било констатирано дека евидирал со мерка „апси“ по барање на Интерпол Германија. Тој бил задржан во Полициската станица Кисела Вода за понатамошна постапка.
На 03.09.2024 во 22.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосница од ул.„Борис Трајковски“ и ул.„Петар Делјан“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „опел“ со скопски регистарски ознаки, упраувано од З.Д.(61) од Скопје и патничко возило „бмв“ со скопски регистарски ознаки, управувано од М.И.(50) од с.Батинци, скопско. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле О.Д.(26) од Скопје, сопатничка во возилото „опел“ и Х.И.(42) од с.Батинци, сопатничка во возилото „бмв“, додека со телесни повреди се здобиле возачот З.Д. и сопатничката во неговото возило В.Д.(52) од Скопје, како и двајца малолетни сопатници од возилото „бмв“, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“. Увид на местото на несреќата извршила увидна екипа од СВР Скопје.
На 03.09.2024 во 18.30 часот во Полициската станица Струмица било пријавено дека на крстосница од бул.„Ленинова“ и ул.„24 Октомври“ во Струмица се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „опел“ со струмички регистарски ознаки, управувано од К.М.(57) од село Ново Село, струмичко и мотоцикл „јамаха“ со струмички регистарски ознаки, управуван од Д.Ѓ.(25) од Струмица. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот на мотоциклот, констатирани во Медицински центар Струмица. Увид на местото извршила екипа на Полициската станица Струмица.
Денеска (04.09.2024) во 00.30 часот во СВР Штип било пријавено дека на регионалниот пат Штип – Кадрифаково, на клучката Штип – Велес кон с.Кадрифаково, патничко возило „даеву ланос“ со штипски регистарски ознаки, управувано од В.М.(38) од Штип излетало надвор од коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, констатирани во Клиничката болница Штип. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Штип.
На 03.09.2024 во 17.35 часот во Полициската станица Кочани било пријавено дека на крстосницата од ул.„14 Бригада“ и ул.„Цар Самоил“ во Кочани, Е.С.(35) од Кочани, управувајќи мотоцикл без регистарски ознаки, изгубил контрола и паднал на коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил неговиот сопатник М.А.(43) од Кочани, а со телесни повреди се здобил возачот, констатирани во Општата болница Кочани. Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Кочани.
На 03.09.2024 во 12.30 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, С.Ѓ.(20) од с.Волково, скопско, пријавила дека на ул. „81“ во с.Волково била касната од куче скитник.