More

    „Маслодајна“ од Велес бара да биде еднаква со другите производители на зејтин

    spot_img

    Раководниот тим на „Кристал 1923“ попозната како велешка Маслодајна како единствен преработувач на сончоглед во земјава бара Влада да го намали ДДВ за сончоглед  кое минатата година во време на откупот во октомври беше зголемено од 5 на 10%. Исто така бара и dа се зголеми ДДВ на суровото масло кое остана непроменето 5%.

    -Со тоа  велешка Маслодајна ќе плаќа исто ДДВ и ќе биде во иста положба  со останатите производители на масло за јадење во земјава, кои како суровина не откупуваат сончоглед туку сурово масло од странство – велат за МИА од раководниот менаџерски тим на „Кристал 1923“ .

    Тие посочуваат дека не е во ред сончогледот од кој се произведува масло за јадење кое е социјална култура за прехрана на населението да се стави во луксузни култури заедно со фстаците.

    Од велешка Маслодајна потсетуваат  дека тие  последниве години како единствена компанија за производство на масло за јадење  од сончогледово семе во земјава направија големи напори и успеаја  да го вратат сончогледот на македонските полиња. Воедно се и  единствени кои преработуваат масло за јадење од сончоглед  и кои го откупуваат од македонските земјоделци,  иако им е поевтино како суровина да набавуваат сурово масло од странство.

    Тие информираат дека веќе 20-тина дена се одвива откупот на сончоглед од македонските производители, кои поради високите температури годинава порано уште во август ја започнаа жетвата, а која изминатите години започнуваше во септември. Најпрво од производителите од Свети Николе и Куманово, а деновиве во фабриката во Велес се носи и сончоглед од Пелагонискиот регион.

    Досега се откупени повеќе од 1.000 тони сончоглед, што за овој период е голема количина. Од „Кристал 1923“ поради подобриот род годинава планираат да откупат помеѓу 5 и 6.000 или повеќе од ланските кога беа откупени 4.000 тони сончоглед.

    Инаку,  откупната цена годинава  е 23,5 денари за килограм плус ДДВ и е повисока од ланската која беше 20,5 денари  плус ДДВ. Лани поради сушата и ниските приноси на сончогледот на иницијатива од „Кристал 1923“, земјоделците  од Владата добија помош вонредна субвенција по плус 5 денари од килограм сончоглед предаден во преработувачки капацитет.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img