Верувале или не, Чак Норис пред неколку месеци го прослави својот 84 роденден, а колку младо се чувствува покажа со неодамнешното видео на кое крева тегови во теретана.
– Се зборува дека кога ќе завршам со вежбањето со тегови, ќе ми треба малку одмор, хаха! Шегата на страна, се надевам дека си поминувате одлично лето и дека таква ќе ви биде цела година – порачал тој и во видеото навел: „Само се загревам“.
Секако, фановите ја искористија приликата добро да се пошегуваат, а не недостигаа и забавни коментари.
„Ова е лага, тој не се загрева, тој одмара“, „Чак Норис не мора да крева тегови, тие самите се креваат“, „Теговите се плашат да бидат тешки“, „Тој е премногу силен“, „Чак Норис не се загрева, неговите тегови се ладат“, „Земјотреси во Калифорнија, затоа што Чак Норис ги спуштил теговите“, „Чак Норис не крева тегови, само ја исклучил гравитацијата“, „Дојдов само поради коментарите, Чак е сè уште најсилниот“, се само дел од коментарите.
Да потсетиме дека Норис се прослави како ѕвезда на акционите филмови во 80-тите и 90-тите години, а во светот на Холивуд влезе откако се спријатели со Брус Ли и доби улога во филмот „Enter the Dragon“. Сепак, само со неговата улога во серијата „Вокер, тексашки ренџер“ го постигна својот култен статус и стана жива легенда.