Фотографии од наводно онесвестениот Деп кој колабирал откако конзумирал алкохол и дрога приложи Амбер Херд на судењето во кое таа го обвинува дека ја злоупотребувал, а беа доставени и снимки со нејзини наводни модринки и повреди, пишува ДејлиМејл.
На прашањето зошто воопшто го фотографирала Деп во таква состојба, таа рече дека тогаш почнала да го забележува неговото однесувањ кое саклаа да го документира, а тоа значи дека Деп почнал да ја обвинува откако конзумирал дрога, а дискусиите прераснале во физичка конфронтација.
– Можев само да погодам што користи од индициите што ќе ги најдам. Ќе се онесвестеше и ќе ја изгубеше контролата врз себе, а потоа луѓето ќе го земаа, за да исчистат и да го отрезнат. Отпосле тој не се ни сеќаваше на тоа, но би ни можел да негира, ниту пак да ме обвини дека лажам дека тоа се случило. Немаше кој да ме поддржи – се изнаприкажа Амбер на говорницата на сведокот.
Актерката тврди дека цело време „нејзиниот збор бил против зборовите на неговите вработени“ и затоа сфатила дека мора да почне да ги фотографира тие ситуации за да има доказ. Првата фотографија што ја покажа, таа тврди дека е направена на неговиот остров каде што летувале. Според Амбер Џони бил „нормален“ на почетокот на тоа лето, но дека сѐ се променило кога почнал да се дружи со својот пријател Пол Бетани.
Како доказ за ова Амбер кон судот приложи и фотографија која наводно била направена на 22 март 2013 година, откако Деп „се обидел да ѝ запали слика од поранешното момче“. Во претходно сведочење таа откри дека Деп ја обвинил дека го изневерувала со тој поранешен партнер.
Таа тврди дека тоа се случило откако Деп постојано се дрогирал неколку дена.
– Ќе се уништуваше самиот себе, тоа траеше неколку денови, па ќе почнеше „чист“ период бидејќи се чувствува лошо -тврди Херд.
Според Амбер Деп често пиел пред децата кои не знаеле како да реагираат на тоа. Како што таа тврди, тој безуспешно се обидувал да го сокрие алкохолот пред децата.
Амбер во неколку наврати опишала кавги и наводно физичко насилство, кога, како што изјавила, Деп ја влечел за косата, ја влечел по подот, ја заковал за ѕид, а ја раскажала и својата верзија за инцидентот во Австралија од 2015 година. Херд тврди дека во тоа време доживеала насилна сексуална злоупотреба.
Ноќта започнала со тоа што Деп земал од дрогата МДМА и ја обвинил Херд дека спие со нејзиниот партнер Еди Редмејн, рече таа. Расправијата прераснала во физичка пресметка кога Деп ја ставил на масата за игра и ја „удрил“, тврди Хердова.
Амбер тврди дека тие се карале и поради тоа што Деп пиел алкохол, а тој потоа ја исмејувал со шише алкохол. Таа му го скршила шишето на земја, што го изнервирало. Ја удрил и кога станала, како што тврди, фрлил шише врз неа и скршеното стакло и го ставил на лицето и ѝсе заканил дека ќе ја „пресече“.
Амбер рекла дека Деп продолжил да ја гаѓа со конзерви и со шишиња, додавајќи дека не се сеќава дали фрлила нешто во негова насока. Претходно на судењето, Деп сведочеше дека Херд таа вечер фрлила шише вотка кон него и му го отсекла врвот на прстот.
– Се сеќавам дека бев преплашена. Не можев да се движам. Не можев да одам никаде – сведочеше Амбер.
Амбер потоа изјавила дека на Деп му снемало работи за фрлање, па почнал да удира во ѕидот додека таа била покрај него. Ѝ ја скинал ноќницата од градите и ја оставил гола. Таа рече дека се излизгала по плочките во кујната, а тој викал дека „ебано ја мрази“ и дека му го уништува животот. Додека ја држел за врат, таа вели дека го погледнала и не го препознала.
Мислела дека успеала да го удир Деп во срамната коска, но му ја видела раката и почуствувала притисок. Тогаш сфатила дека тој всушност користел шише за да навлезе во неа.
– Не знаев дали шишето што го имаше во мене е скршено. Не чувствував никаква болка. Не почувствував ништо. Погледнав наоколу и видов толку многу скршено стакло што не знаев дали тој ќе знае дали е скршено или не -рече таа.
Адвокатката на Амбер Херд побара од Џони Деп да каже повеќе детали за настанот.
– Не можам да верувам дека морам да го направам ова. Џони го чуваше шишето во мене и постојано го туркаше во мене – рекла Амбер додаваји дека по тепачката не можела да го контролира мочниот меур, отишла во тоалет и „повраќала“, а крварела од вагината.
За време на Божиќ 2015 година, парот бил на одмор на Бахамите со децата на Деп. Херд и Деп се степале, а таа рече дека ја турнал на ѕид и ја грабнал за вагината. Рекла дека носела костим за капење, а тој не го мрднал ниту долниот дел од костимот за капење за да ги „турне“ прстите во неа. Таа рече дека ја чувал таму и ја прашал дали е толку „е*ено тврда“.
Херд ја опиша наводната тепачка на 23 март 2015 година, кога рекла дека нашла пораки на Ај-падот на Деп од друга жена, за која рече дека Деп ја посетил неколку дена по нивната венчавка. Рекла дека била толку лута што не размислувала што ќе се случи понатаму.
– Не ми беше гајле повеќе. Му се пожалив – рекла Хердова, а по расправија околу пораките, Деп почнал да ја турка и фрла. Во одреден момент, тврди Херд, интервенирала нејзината сестра, која во тој момент била во блискиот стан.
Сестрата на Амбер Херд застанала меѓу нив, но Деп наводно ја оттурнал и неа, па Херд го удрил, вели таа, за прв пат во нивната врска.
– Го удрив право во лице. За прв пат. Дотогаш само се обидував да се одбранам со рацете и како можам, но сега навистина го удрив – изјави Амбер.
Потоа таа ја опишала кавгата од 15 декември 2015 година, но не се сеќава како почнала дискусијата. Како што вели, се сеќава дека Џони ја бркал во кујната, а таа му фрлила нешто, тој врескал и се качувал на неа удирајќи ја во лицето.
– Ова е уште еден пример кога толку многу сакам да можам да ви го кажам точниот редослед, но не можам. Тоа се блицови – вели Амбер. Во еден момент рекла дека тие биле на скалите во станот на Деп во Лос Анџелес, а тој ја влечел за коса на катот. Тепачката се претворила во „натпревар“ за кој Амбер рече дека го губи.
Таа наводно ја удрила главата во отворен ѕид од тули. Таа рече дека тепачката продолжила, а потоа Деп ѝ „дал една глава“ во средината на носот.
– Тој е едно од ретките спомени што ги имам во оваа долга врска, а всушност се сеќавам на физичката болка во тоа време. Имаше две слободни раце, зошто ме удри со глава? – сведочеше Хердова.
Амбер му рекла на Деп дека ќе го остави. Таа влегла во нивната канцеларија, каде повторно се степале. Таа рече дека била на подот и тој „замавнал“ кон неа. Ја одвлекол од канцеларијата до соседниот стан. Потоа, наводно, ја фрлил на креветот и клекнал на нејзиниот грб, удирајќи ја со тупаници и врескајќи ѝ во увото: „Те мразам. Те мразам. Те мразам“. Според Амбер, Џони врескал „повторно и повторно“ и дека ја „удирал“ со тупаници по тилот.
– Мислев дека вака ќе умрам. Сега ќе ме убие. Ќе ме убие, а не ни сфати. Не можев да дишам. Се сеќавам дека се обидов да врескам и не можев да го испуштам гласот. Се гушев во ова перница додека ме држеше, удирајќи ме постојано – сведочеше Амбер.
Во судницата по тој инцидент беа прикажани фотографии на кои се гледаат повредите кои Херд наводно ги добила таа вечер во стан во Лос Анџелес. Таа рече дека утрото потоа дошла нејзината пријателка и ѝ помогнала да ги завие повредите. Адвокатката Амбер Херд ја прашала дали ден потоа гостувала во емисијата на Џими Кимел, а актерката потврдила.
Контроверзното гостување на Амбер кај Џими Кимел е тема и на социјалните мрежи, бидејќи сите се прашуваат како таа после таква вечер можела да гостува во емисија, а да не покажува знаци на физичко насилство.
Херд пред судот одговори дека „само го направила она што обично го прави“, гостувала по повод промоцијата на филмот чие снимање претходно било завршено. Таа рече дека претходно се убедувала дека може да ги покрие модринките, а како што вели, тогаш тимот за шминкање си го направил своето, ѝ ставиле тешка шминка и црвен кармин, кој бил единствениот што можел да ги покрие секотините на нејзината усна.
Секако, овој дел од судењето не можеше да помине на социјалните мрежи без коментари, мимики, фотографии од судницата и општата осуда на Амбер Херд за, како што многумина мислат, лажното сведочење.
Судењето продолжува на 16 мај.