Вечерва по 20 часот, луѓето од нашето подрачје ќе имаат можност да го проследат феноменот на тн. „сина супермесечина“. Доколку времето дозволи – Месечината ќе блесне во полн сјај и ќе изгледа поголема од вообичаеното.
Кога нашиот природен сателит во неговото кружење ќе ја достигне најблиската точка до Земјата, тоа е познато како „перигеј“ (точката каде што Месечината е најдалеку од нашата планета е „апогеј“).
„Супермесечината“ се јавува кога полната Месечина е на перигеј, а „Микромесечината“, т.е. апогеј, е феноменот кога таа изгледа најмала.
За 4 месеци по ред ќе имаме 4 „супермесечини“ – појава којашто се нарекува „сина полна супермесечина“.
Месечината е оддалечена од Земјата, во просек, околу 384.000 километри, но вечерва растојанието ќе биде 23.000 километри поблиску. Ако небото е ведро, покрај „сината супермесечина“, ќе бидат видливи и Сатурн и неговите прстени, но, со двоглед или со телескоп.