More

    МВР – ИЗВАДОК ОД ДНЕВНИТЕ НАСТАНИ, 16.08.2024

    spot_img

    Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди, до надлежното Основно јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, поднесе кривична пријава против М.Б. и М.С. поради постоење основи на сомнение дека сториле кривично дело ,,повреда на правата од работен однос“ по член 166 од Кривичниот законик. Првопријавениот М.Б. – виш полициски советник за контрола, надзор и превенција на полицијата, стандарди и управување со квалитет во БЈБ, а во моментот на сторување на делото на работно место државен советник – шеф на кабинет на Министерот за внатрешни работи и второпријавената М.С. – началник на Сектор за управување со човечки ресурси, стручно оспособување и усовршување во Оддел за правни работи и управување со човечки ресурси, не придржувајќи се на законските одредби од Законот за внатрешни работи, кои се однесуваат на засновање на работен однос, повредиле, одзеле или ограничиле право што на работникот му припаѓа. Имено, М.Б., свесно и со намера да не се склучи договор за работа помеѓу Министерството за внатрешни работи и С.Т. од Прилеп, на 27.10.2023 издал наредба на второпријавената М.С. да го повлече веќе изработениот, потпишан од Министерот за внатрешни работи и заведен во писарницата на МВР, договор за работа на С.Т., а второпријавената М.С. постапила по издадена наредба од првопријавениот и го повлекла веќе изработениот и потпишан договор за работа. На тој начин на С.Т. ѝ го одзеле и ограничиле правото да заснова работен однос во МВР како дипломиран криминалист на Факултетот за безбедност Скопје, а била вклучена во постапката за вработување како еден од најдобрите студенти од факултетот по препорака на Деканот на факултетот за безбедност, а која воедно успешно ги поминала сите фази од постапката за вработување и ги исполнила сите потребни услови за засновање на работен однос во МВР. Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди против М.Б. и М.С. ќе поднесе Предлог за поведување на постапка за кршење на работниот ред и дисциплина и ќе изрече задолжителни мерки да бидат отстранети од работното место до завршување на дисциплинската постапка.

    На 15.08.2024 во 22.50 часот на улица „Браќа Миладинови“ во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово ги лишиле од слобода Б.А.(24), С.К.(26) и М.М.(27), сите од Тетово. При нивен преглед и во патничко возило „фолксваген пасат“ со тетовски регистарски ознаки, во кое с епревезувале, била пронајдена и одземена марихуана. Тие се задржани во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок.

    На 15.08.2024 во 12.05 часот во Кавадарци, полициски службеници од ОВР Кавадарци го лишиле од слобода Н.Ј.(41) од Кавадарци затоа што кај него била пронајдена и одземена зелена тревкаста материја. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

    На 15.08.2024 во 08.04 часот во Полициската станица Радовиш било пријавено дека на локалниот пат од с.Подареш кон с.Смиланци се случила сообраќајна несреќа помеѓу трактор „имт – 539 “ со радовишки регистарски ознаки, управуван од В.Т (52) од с.Подареш, радовишко и мопед „хамачи“ без регистарски ознаки, управуван од Г.П.(47) од с.Подареш. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот на мопедот Г.П., констатирани во Медицински центар – Радовиш.

    Денеска (16.08.2024) околу 00.30 часот во СВР Куманово било пријавено дека на бул.„Трета македонска ударна бригада“ се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „ауди“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од 17- годишник од с.Отља, општина Липково, со место на живеење во Швајцарија и мотоцикл „кавасаки“ со скопски регистарски ознаки, управуван од Х.С.(30) од с.Грушино, општина Арачиново, по што мотоциклот удрил во паркирано патничко возило „фиат“ со кумановски регистарски ознаки, паркирано од А.Ш.(39) од с.Оризари, липковско. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во болницата во Куманово. По наредба на Јавен обвинител, извршен бил увид од увидна екипа на СВР Куманово.

    Денеска (16.08.2024) во 02.09 часот во ОВР Кочани било пријавено дека во с.Оризари, кочанско, патничко возило „хонда“ со кочански регистарски ознаки, управувано од Б.С.(19) од Кочани, удрило во бетонски ѕид. Во несреќата возачот се здобил со тешки телесни повреди, а неговиот малолетен сопатник со телесни повреди, констатирани во Клиничка болница Штип. Извршен бил увид од увидна екипа на ОВР Кочани.

    На 15.08.2024 во 18.25 часот во СВР Охрид било пријавено дека на крстосницата од бул.„Туристичка“ и ул.„Стив Наумов“ се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „рено мастер“ со охридски регистарски ознаки, управувано од Љ.Н.(58) од с.Горно Лакочереј, охридско и велосипед управуван од В.К.(67) од Охрид. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила В.К., констатирани во Специјалната болница „Св.Еразмо“ во Охрид. Извршен бил увид од увидна екипа на СВР Охрид.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img