More

    МВР-ИЗВАДОК ОД ДНЕВНИТЕ НАСТАНИ, 14.08.2024

    spot_img

    Денеска (14.08.2024) во 04.00 часот кај наплатна рампа Кадрифаково, светиниколско, во правец кон Свети Николе, полициски службеници од Мобилната единица за компезаторни мерки при Одделот за гранични работи и миграции запреле и извршиле контрола на патничко возило „мерцедес“ со струмички регистарски ознаки, управувано од Т.С. од с.Радово, струмичко. Притоа, било констатирано дека со возилото се врши јавен превоз на патници без лиценца издадена од надлежен орган. На истото место во 04.20 часот, полициски службеници од Мобилната единица за компезаторни мерки при Одделот за гранични работи и миграции запреле и извршиле контрола и на патничко возило „мерцедес“ со струмички регистарски ознаки, управувано од Г.Г. од с.Дабиле , струмичко. При контролата, исто така, било констатирано дека со возилото се врши јавен превоз на патници без лиценца издадена од надлежен орган. За настаните бил известен Државниот инспекторат за транспорт,  од чија страна на возачите им е изречена глоба, а сообраќајните дозволи им се одземени и возилата се исклучени од сообраќај.

     Денеска (14.08.2024) во 02.50 часот во Скопје, на подрачјето на Бит Пазар, полициски службеници од СВР Скопје го привеле Х.Х.(32) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

     На 13.08.2024 во 23.00 часот во Свети Николе, полициски службеници од Полициската станица Свети Николе го лишиле од слобода Д.Ф.(21) од Свети Николе затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

     На 13.08.2024 во 18.50 часот во СВР Охрид е пријавено дека од водите на Охридското езеро кај охридското село Пештани извадена е стара рачна бомба. која подоцна била безбедно подигната од стручно лице од Дирекцијата за заштита и спасување за натамошна постапка.

     На 13.08.2024 во 08.20 часот во Полициската станица Гевгелија било пријавено дека на регионалниот пат од Богданци кон Гевгелија се случила сообраќајна несреќа помеѓу мотоцикл „хонда“ со гевгелиски регистарски ознаки, управуван од К.К.(24) од Богданци, патничко возило „опел корса“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Љ.Ѓ.(49) од с.Бунарџик, скопско и трактор со гевгелиски регистарски ознаки, управуван од Б.Ш.(45) од Богданци. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот констатирани во Општата болница во Гевгелија. Извршен бил увид од увидна екипа на ОВР Гевгелија.

     На 13.08.2024 околу 07.45 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосница од ул.„Иван Козаров“ и бул.„Борис Трајковски“, Т.А.(74) од Скопје, управувајќи велосипед, изгубил контрола и паднал. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил велосипедистот констатирани во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“ во Скопје. Извршен бил увид од увидна екипа на СВР Скопје.

     Денеска (14.08.2024) во 01.20 часот во Полициската станица Карпош, В.Н.(42) од Скопје пријавил дека на ул.„Бранислав Нушиќ“ во Скопје бил каснат од куче скитник.

     На 13.08.2024 во 12.00 часот во Полициската станица Карпош, Ж.М.(33) од Скопје пријавил дека на ул.„Митрополит Теодосиј Гологанов“ во Скопје бил каснат од куче скитник. 

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img