Во финалето на Суперкупот на УЕФА ќе ја гледаме пресметката меѓу победниците во Лигата на шампионите и Лигата на Европа кога на „Националниот стадион“ во Варшава (21 часот) ќе се сретнат Реал Мадрид и Аталанта, а во центарот на вниманието ќе биде Килијан Мбапе, кој на почетокот на преодниот рок го напушти ПСЖ и се приклучи на мадридскиот табор за кој ќе дебитира вечерва.
Мадриѓаните минатата сезона ја освоија јубилејната 15-та Лига на шампиони совладувајќи ја во финалето Борусија Дортмунд (2:0), а денеска ќе имаат можност да испишат нови страници во фудбалската историја, бидејќи со евентуална победа во финалето би го освоиле нивниот шести Суперкуп, што би ги направило и рекордери бидејќи моментално го делат првото место на листата на победници со Барса и Милан (по пет трофеи).
Задачата нема да биде лесна бидејќи ривал ќе биде Аталанта, екипа која со маестралниот настап во финалето на Лига Европа (3:0) му го нанесе единствениот пораз лани на Баер Леверкузен.
Тоа беше првиот досега европски трофеј за „Провинциската божица“, па вечерва ќе дебитира во Суперкупот каде нема да биде без шанси и ќе се обиде да направи изненадување и да ја започне сезоната со освојување на нов трофеј.
Аталанта е 41-та екипа која ќе игра во Суперкупот, а интересно е што ова ќе биде четврта година по ред како имаме нов учесник во финалето.
Од друга страна, Реал е искусен учесник на Суперкупот и ова ќе му биде деветти пат да се бори за овој трофеј.
Што се однесува до квалитетот на тимовите, јасно е дека тој е на страната на Мадрид, кој во текот на летото стана уште посилен бидејќи го доведоа најдобриот играч на денешницата, Килијан Мбапе, кој не беше платен ниту едно евро бидејќи беше донесен откако му истече договорот со ПСЖ. Исто така тука е и новото засилување, бразилецот Ендрик, но тој имаше дебитираше за Реал Мадрид на некои од натпреварите на турнејата во САД.
Ќе биде интересно да се види на која позиција ќе го стави Анчелоти и како ќе се промени стилот на игра на кралскиот клуб поради неговото доаѓање, но дали има некој кој може да најде начин да ги одржи сите играчи на Реал среќни и да играат на високо ниво , тоа е популарниот „Дон Карло“.
Сепак, Аталанта има свои поединци кои можат да блеснат на големата сцена, како што се виде во финалето на Лига Европа во кое доминираше Адемола Лукмана, а големиот италијански стручњак Џан Пјеро Гасперини, кој конечно ја освои титулата со споменатата победа над Леверкузен, треба никогаш да не биде потценет првиот трофеј во неговата тренерска кариера.
Во центарот на вниманието вечерва ќе биде Килијан Мбапе за кого ова ќе биде официјално деби во дресот на Реал Мадрид, веруваме дека ќе ја покаже својата класа и дека „кралскиот клуб“ ќе освои нов трофеј на неговите крила.
Исто така, треба да се истакне дека Аталанта ќе остане без неколку многу важни играчи како Скамака, Скалвини и Копминерс кои отсуствуваат или поради повреда или поради одлука на тренерот.