Нов голем пожар денеска повторно избувна во Пехчево, јави Прес 24. Локалното население вели дека овој пожар е многу полош од претходниот.
Гори местото Буковиќ, на 3 километри од градот, каде што ова лето пожарникарите веќе еднаш водеа тешки борби со стихијата.
Покрај високите температури, во прилог на пожарот оди и ветровитото време.
Со пожарот се загрозени дрвја кои се постари од еден век и многу други ендемски растителни видови.
На терен во гаснењето се противпожарните екипи и локалното население.