Македонскиот олимпиец Дарио Ивановски утре наутро ќе трча маратон низ улиците на Париз.
– Целиот мој живот се подготвувам за овој настан. Овие три недели одлично ја темпирам формата. Може да кажам дека мојата форма се зголеми и енергијата е прекрасна со сите спортисти околу мене. Се чувствувам подготвено за утрешниот маратон. Очекувам да бидам во првата половина и да истрчам најдобра трка. Сакам цела Македонија да ужива со мене на олимписката трка – изјави Дарио.
Трката почнува утре во 8 часот наутро.