More

    Еве кој го радикализирал терористот Беран пред концертот на Тејлор Свифт

    spot_img

    Поп ѕвездата Тејлор Свифт морала да откаже три концерти во Австрија бидејќи неколку лица планирале терористички напад, а три лица се уапсени.

    19-годишен маж со македонско потекло ги признал и детално ги објаснил своите опасни намери. Според неговото признание, тој планирал да изврши самоубиствен напад пред стадионот, каде се очекувале околу 20 илјади посетители. Заедно со него уапсени се и 17-годишник со хрватско-турско потекло и 15-годишник со турски корени.

    19-годишникот кој неодамна се заколна на верност на Исламската држава беше радикализиран преку интернет, а берлинскиот проповедник на омраза Абул Бараа, чие вистинско име е Ахмад Армих, наводно стои зад неговата радикализација.

    Според информациите на тајните служби, Бараа до 2020 година бил активен во џамијата Ас-Сахаба во Берлин, која била затворена по полициската рација во 2018 година поради сомневање за финансирање тероризам.

    51-годишниот Абул Бараа ја шири својата фанатична порака на социјалните мрежи, а го следат 46.000 корисници на Инстаграм и повеќе од 81.000 на Тик-Ток, пишува Дејли мејл.

    Властите за проповедникот дознале пред 6 години. Неговата џамија беше нападната, а подоцна затворена поради сомневање дека финансирал тероризам во минатото. После тоа тој најмногу користеше интернет за да ги споделува своите проповеди.

    „Затворањето на неговата берлинска џамија и пандемијата на корона доведоа до поголем ангажман на социјалните мрежи. Неговата реторика и стил на презентација особено го привлекуваат вниманието на младите. Во своите проповеди тој конструира заговор на западниот свет против исламот, за него муслиманите се суштински жртви“, објави Федералната канцеларија за заштита на Уставот.

    Бараа наводно ја користел џамијата во Берлин за да одржува контакт со припадниците на Исламската држава. Имаше редовна размена меѓу него и голем број членови на ИД.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img