Летиција насмеана со свекрвата и со двете ќерки

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Додека кралот Фелипе е во Париз и ги бодри шпанските спортисти на Олимпијадата, женскиот дел од кралското семејство ужива на летниот одмор на Мајорка.

Кралицата Летиција, нејзините ќерки Леонор и Софија, како и нејзината свекрва, поранешната кралица Софија, се видени како се шетаат низ главниот град Палма. Насмеани, опуштени, без шминка, изгледале како кој и да е турист во  оваа омилена дестинација.

Кога медиумите ги забележале тие со насмевнале, а нивното присуство предизвикало голем метеж кај туристите.

Летиција влегла во продавница за здрава храна, што не е невообичаено бидејќи е голем поддржувач на здравата исхрана, а потоа влегле во небрендирани бутици, однесувајќи се како да не се членови на кралското семејство, пишува „Majorca daily bulletin“. 

За прошетката на островот Балеар, кралицата се одлучи за долг розов фустан со карирани дезени без ракави, додека на нозете имаше рамни сандали. Нејзината чанта е она што можеби најмногу го привлече вниманието на толпата бидејќи е навистина впечатлива. Изгледа како да е плетена, а на неа има шест тркалезни симболи.

Принцезата Леонор веќе некое време им е верна на платформите, кои овојпат ги спои со син топ и со бели панталони.

фото: „Majorca daily bulletin“

Share This Article