More

    Записници откриваат како косовската претседателка и претходно сакала да го заобиколи скенерот на скопскиот аеродром

    spot_img

    Во два наврата претходно за време на владеењето на СДСМ и ДУИ, косовската претседателка Вјоса Османи кршела процедури и протоколи а МВР молчело, соопшти денеска ВМРО-ДПМНЕ.

    Партијата објави делови од записникот од 16.09.2023 година: „По доаѓањето до ВИП секторот, меѓу одговорниот за протоколот на делегацијата и службата за безбедност на аеродромот, дошло до недоразбирање бидејќи истиот, повикувајќи се на дипломатскиот имунитет на претседателката, не се согласил личниот багаж на претседателот на Косово да се провери во скенер“.

    Според ВМРО-ДПМНЕ, истата ситуација се повторила и на 9 октомври. Косовската страна тврдела дека благодарение на дипломатскиот имунитет, багажот на претседателот не треба да се проверува.

    „Откако стигнале до ВИП-секторот, на одговорното лице за безбедноста на делегацијата и раководството на протоколот (тој ден било лицето Д.М. со матичен број 5785 од косовската делегација) било кажано дека не се согласуваат личниот багаж на претседателката на Косово да влезе во контролата на скенерот. Причините за тоа се засноваат на дипломатскиот имунитет на претседателката. Од страна на капетанот на летот и претставник на ‘Кроација ерлајнс’, повикувајќи се на меѓународните стандарди и националната програма за безбедност, истакнато е дека додека не дозволат проверка на багажот, истата нема да биде прифатена на летот“, се наведува во записникот од 09.10.2023 година.

    Тогаш МВР молчело, а СДСМ и ДУИ биле на услуга на кршењето на законите. СДСМ со чаршаф соопштенијата си пука во слепоочница, коментира ВМРО-ДПМНЕ.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img