More

    Секој жител во Македонија создал по 441 кг ѓубре во 2020 година

    spot_img

    Во просек секое лице во ЕУ во 2020 година создало по 505 килограми комунален отпад, од кои околу 48 проценти биле рециклирани. Меѓу земјите-членки на ЕУ, најмногу комунален отпад создале Данска и Луксембург со 845 кг и 790 кг по глава на жител, додека најмалку Романија (287 кг), Полска (346 кг) и Унгарија (364 кг). Ние сме под просекот во ЕУ, каде секој жител во просек во 2020 година создал по 441 килограми комунален отпад, од кои 304 завршиле на отпад, покажуваат податоците на Евростат.

    Иако под просекот на ЕУ, во регионот сме на второ место по комунален отпад по глава на жител и пред нас е само Црна Гора со 486 кг. Најмалку комунален отпад по глава на жител во регонот има Косово – 256 кг, потоа следи Србија со 338 кг, Босна и Херцеговина – 352 кг и Албанија – 369 кг.

    На ниво на ЕУ во 2020 година се создадени 225,7 милиони тони комунален отпад, што е раст од еден процент во однос на 2019 година и 14 проценти споредено со 1995 година.

    Во просек по глава на жител се рециклираат 151 килограм од комуналниот отпад. Иако количината на рециклиран отпад во 2020 година останува стабилна, сепак бележи намалување на 67 милиони тони од 68 милиони тони во 2019 година. Во 1995 година луѓето во ЕУ рециклирале 44 милиони тони или по 97 килограми по глава на жител.

    Компостирањето е исто така рециклирање и во 2020 година 40 милиони тони или 90 кг по лице отпад биле компостирани на ниво на ЕУ, што е речиси три пати повеќе отколку во 1995 година кога биле компостирани 14 милиони тони или 33 кг по лице.

    И покрај тоа што ЕУ создава повеќе отпад, вкупната количина на депониран комунален отпад е намалена од 121 милион тони во 1995 година на 52 милиони тони во 2020 година. Ова одговара на просечен годишен пад од четири проценти.

    Комуналниот отпад, според Евростат, е отпадот што го собира и се отстранува преку систем за управување со отпад и освен од потрошувачките навики зависи и од капацитетот на системот за менаџирање на отпад. Тој главно се состои од отпад што го создаваат домаќинствата, иако вклучува и сличен отпад од извори како што се продавници, канцеларии и јавни институции.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img