More

    Кој е Тим Волц – кандидатот за потпретседател на САД?

    spot_img

    Кандидатката за претседател на САД Камала Харис одлучи гувернерот на Минесота Тим Волц да биде нејзин потпретседател во трката за Белата куќа. Двајцата синоќа за прв пат настапија заедно во рамки на предизборната кампања на Демократската партија за претседателските избори во Пенсилванија. Тие заедно ќе посетат уште неколку клучни држави чии гласови се надеваат дека ќе ги освојат во ноември.

    Како гувернер, 60-годишниот демократ и воен ветеран Волц ја направи својата држава бастион на либералната политика и, оваа година, една од ретките држави кои ги штитат обожавателите кои купуваат билети за концерти на Тејлор Свифт и други настани во живо.

    Роден во Вест Поинт, Небраска, Волц се приклучил на Националната гарда и станал учител во Небраска.

    Тој и неговата сопруга се преселиле во Манкато во јужна Минесота во 1990-тите. Таму предавал општествени науки и бил тренер по фудбал во средното училиште Манкато Вест, вклучувајќи го и тимот од 1999 година кој го освои првото од четирите државни првенства. Членувал и во синдикат.

    Волц служел 24 години во Националната гарда пред да се повлече од теренски артилериски баталјон во 2005 година како наредник, еден од највисоките рангови подофицери во Армијата.

    Во својата прва трка за Конгресот, Волц го изненади републиканскиот кандидат. Тоа беше во 2006 година, кога победи во главно рурален јужен округ на Минесота против Гил Гутнехт. Волц го искористил гневот на гласачите кон тогашниот претседател Џорџ В. Буш и војната во Ирак.

    За време на шест мандати во Претставничкиот дом на САД, Волц беше застапник на прашањата на ветераните.

    Тој ќе се потруди Минесота да остане во рацете на демократите. Тоа е важно затоа што поранешниот претседател Доналд Трамп оваа година ја прикажа Минесота како држава на иднината, иако државата не избрала републиканец на функцијата низ државата од 2006 година. Републиканскиот претседателски кандидат не ја освоил државата од убедливата победа на претседателот Ричард Никсон во 1972 година, но Трамп претходно водеше кампања таму.

    Кога демократскиот гувернер Марк Дејтон одлучи да не бара трет мандат во 2018 година, Волц водеше кампања и ја освои функцијата на тема „една Минесота“.

    Волц зборува за прашања важни за гласачите во таканаречениот „Рѓосувачки појас“ – неформално име за регион во САД што се протега низ североисточниот дел и делови од Средниот запад, и кој некогаш бил центар на американската индустрија, особено за производство на челик и автомобили. Името е создадено како метафора што укажува на индустрискиот пад на оваа област, бидејќи многу фабрики беа затворени или со значително намалено производството во последните децении на 20 век. Тој е поборник за демократски каузи, вклучително и синдикално организирање, работнички права и минимална плата од 15 долари на час.

    Во неговиот прв мандат како гувернер, Волц се соочил со законодавниот дом поделен помеѓу Домот предводен од демократите и Сенатот контролиран од републиканците, кои се спротивставија на неговите предлози да се користат повеќе даноци за зголемување на финансирањето за училиштата, здравствената заштита и патиштата.

    Работите станаа полесни за Волц во неговиот втор мандат, откако го победи републиканецот Скот Џенсен, лекар познат на национално ниво како скептик за вакцини.

    Волц и пратениците ги елиминираа скоро сите ограничувања за абортусот во државата кои претходно беа донесени од републиканците, ја заштитија грижата за трансродовите млади кои го потврдуваат родот и ја легализираа рекреативната употреба на марихуаната.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img