Природни масла кои ја намалуваат видливоста на стриите: Ја хидрираат кожата и би можеле да ги користат бремени жени

Lorita
By Lorita 4 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
female hand with Dropper of essential oil, aromatherapy essence, beauty serum or medicinal liquid on beige background. Unbranded bottles for your design.
- Advertisement -
Ad image

Кога станува збор за нега на кожата, природата има ефективни решенија, а ова се најдобрите природни масла кои ја хидрираат кожата и ја намалуваат видливоста на стриите.

Стриите се линеарни лузни на кожата предизвикани од нагло истегнување, но нивниот изглед е сосема природен и безопасен, пишува Sensa.hr. Може да се појават кај мажи и кај жени, но почесто се јавуваат кај жени поради специфични природни промени, како што се:

Бременост: Поради истегнување на кожата на стомакот и градите.

Пубертет: Брзиот раст и развој на телото може да предизвика растегнување на кожата.

Брзо зголемување или губење на тежината: Ненадејното губење или зголемување на телесната тежина може да предизвика истегнување на кожата.

Генетика: Некои луѓе се повеќе склони кон стрии поради генетска предиспозиција.

Хормонални промени: Хормонот кортизол, произведен од надбубрежната жлезда, може да ја ослаби еластичноста на кожата, што го зголемува ризикот од стрии.

Иако стриите не се штетни за здравјето, многу луѓе ги сметаат за естетски проблем и бараат начини да ја намалат нивната видливост бидејќи целосното отстранување генерално не е можно. Тие природно стануваат помалку видливи со промена на бојата, па свежите стрии се претежно виолетови или црвени, а со текот на времето стануваат бели или сребрени.

Здравата исхрана и редовната хидратација се основните чекори за намалување на нивната видливост. Во секојдневната исхрана треба да вклучите што повеќе овошје, зеленчук и органска храна, а целосно да ја елиминирате преработената, масна или екстремно солена храна. Соодветниот внес на течности помага за еластичноста на кожата, па затоа е неопходно да се пие најмалку 2 литри вода дневно, а газираните пијалоци исто така треба да се сведат на минимум. Постојат одредени третмани кои можат да бидат корисни за овој проблем, но природата нуди и решение во форма на природни масла кои позитивно влијаат на намалување на видливоста на овие линеарни лузни на кожата.

- Advertisement -
Ad image

Еве 3 природни масла со кои можете да постигнете најдобри резултати, а може да ги користат дури и трудниците со претходна консултација со лекар.

1. Масло од шипка
Маслото од шипка е познато по своите исклучителни регенеративни својства. Богато со есенцијални масни киселини, витамини А и Ц и антиоксиданси, ова масло помага во обновувањето на оштетената кожа, ја намалува видливоста на лузните и стриите и ја подобрува целокупната текстура на кожата. Редовното нанесување на маслото од шипинка може значително да ја намали појавата на стрии, да ги направи помалку забележливи и да и ја врати природната еластичност и сјај на кожата.

Кокосовото масло е летен хит: Ја храни кожата, ја хидрира и не чини многуEnvatoElements/YuriArcursPeopleimages
2. Кокосово масло
Кокосовото масло е популарен избор за нега на кожата поради неговите навлажнувачки својства. Содржи лауринска киселина која продира длабоко во кожата, обезбедувајќи интензивна хидратација и помагајќи во регенерација на оштетените ткива. Со редовно нанесување на кокосово масло на местата погодени од стрии, кожата станува помека, поеластична и помалку склона кон формирање на нови стрии. Неговите природни својства, исто така, помагаат да се намали воспалението и да се подобри целокупното здравје на кожата.
3. Арганово масло
Аргановото масло, често наречено „течно злато“, е богато со витамин Е, есенцијални масни киселини и антиоксиданси. Ова масло длабински ја храни и хидрира кожата, помагајќи во регенерација на клетките и намалување на појавата на стрии. Неговата лесна текстура овозможува лесна апсорпција во кожата, што ја прави помека, помазна и поотпорна на понатамошно оштетување. Редовната употреба на маслото од арган може значително да го подобри изгледот и текстурата на кожата, намалувајќи ја видливоста на стриите и обезбедувајќи долготрајна нега, пишува Sensa.hr.

- Advertisement -
Ad image
Share This Article