На 04.08.2024 во 11.20 часот во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово го привеле С.С.(39) од Куманово, кој бил баран по потерница врз основа на судска наредба за издржување на казна затвор за сторено кривично дело по член 236 од Кривичниот законик. Лицето било спроведено во Казнено-поправна установа Затвор Куманово за издржување на казната.
На 04.08.2024 во 19.40 часот во Скопје, на подрачјето на Карпош, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Д.К.(37) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 05.08.2024 во 01.00 часот од ул. „Александар Македонски” во Прилеп, полициски службеници од ОВР Прилеп го лишиле од слобода Б.Ц.(34) од Прилеп поради сомнение за сторени кривични дела по член 235 и член 215 од Кривичниот законик. Од него биле одземени мопед „хамачи”, облека, пакувања со грутчеста материја и монети во различни апоени. По документирање на настанот, против него ќе следува соодветна пријава.
Денеска (05.08.2024) во 00.43 часот во Полициската станица Делчево било пријавено дека на магистралниот пат Македонска Каменица – Делчево, кај место викано „Баткова чешма“ во Делчево, патничко возило „фолксваген голф“ со регистарски ознаки од Македонска Каменица, управувано од А.А.(24) од Македонска Каменица, излетало од коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле возачот А.А. и неговиот сопатник Н.Ј. (26) од Македонска Каменица, а со телесни повреди се здобил другиот сопатник Р.А.(27) од Македонска Каменица, констатирани во Клиничката болница Штип. Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Делчево.
На 04.08.2024 во СВР Велес било пријавено дека околу 11.10 часот на улица ,,Наум Наумовски-Борче” во Велес, патничко возило „фоксваген пасат” со велешки регистарски ознаки, управувано од Н.Д.(28) од Велес, удрило во пешакот Ѓ.П. (63) од Велес. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот констатирани во болницата во Велес. По овластување на јавен обвинител, увид на местото извршила увидна екипа од СВР Велес.
На 04.08.2024 во 19.25 часот во ОВР Гостивар било пријавено дека на магистрален пат Кичево – Гостивар, мотоцикл „бмв“ со гостиварски регистарски ознаки, управуван од В.Т.(49) од Гостивар, излетал од патот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, констатирани во Ургентен центар Гостивар. Увид на местото на несреќата извршила екипа од ОВР Гостивар.
На 04.08.2024 во 13.27 часот во СВР Битола било пријавено дека на регионалниот пат Могила – Будаково, пред с.Могила, битолско, С.Р.(47) од Битола, управувајќи мотоцикл со битолски регистарски ознаки, изгубил контрола и излетал од коловозот. Во несреќата С.Р. се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Клиничка болница Битола. Увидот го извршила увидна екипа на СВР Битола.
На 04.08.2024 во 17.40 часот во СВР Охрид било пријавено дека на улицата „7 Ноември“ во Охрид се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „тојота“ со охридски регистарски ознаки, управувано од В.К.(43) од Охрид и мотоцикл „кавасаки“ со охридски регистарски ознаки, управуван од А.С.(36), од Охрид. Притоа, мотоциклистот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во болницата „Св.Еразмо“ во Охрид. Увид на местото на незгодата извршила екипа од СВР Охрид.