More

    Меган проговори за нејзините суицидни мисли и за новиот проект

    spot_img

    Меган Маркл во своето последно интервју Си-Би-Ес њус зборуваше за проектот што го започна со принцот Хари. Станува збор за платформа наменета за поддршка на родителите чиишто деца биле малтретирани на социјалните мрежи. Покрај тоа, таа зборуваше и за своето искуство со суицидни мисли.

    Односите во британското кралско семејство веќе извесно време се тешки, а кралот Чарлс и принцот Вилијам се воздржани околу однесувањето на семејството на Хари. Сепак, иако многумина посакуваат да има подобрување на односите, такво нешто не е на повидок, а се чини дека ниту Меган не се движи во таа насока. Имено, откако Хари и Меган ѝ дадоа интервју на Опра во кое шокираа многумина со своите признанија, тие се повлекоа и повеќе не коментираа, а сега со ново интервју ѝ додаваат сол на раната.

    Меган зборуваше за платформата, која ја започнале со Хари, наменета за поддршка на родителите чиишто деца биле малтретирани на социјалните мрежи. За време на презентацијата на иницијативата, Меган зборуваше за злоупотребата на интернетот и за неговите ефекти врз малите деца, а се осврна и на тоа како нејзиното сопствено искуство ја поврзува со овие семејства.

    – Ако сте поминале низ каква било траума, верувам дека дел од процесот на заздравување е да бидете отворени за тоа – рече таа за емисијата „Си-би-ес Сандеј Морнинг“.

    Меган додаде дека не ја ни изгребала површината на своето искуство во претходните интервјуа.

    – Не сакам никогаш никој да се чувствува така. И не сакам никој друг да прави такви планови. И не сакам никогаш на никој друг да не му веруваат – истакна таа.

    За потсетување, Меган, во интервјуто дадено од Опра Винфри во 2021 година, откри дека имала самоубиствени мисли додека била бремена со Арчи поради притисокот што го имала како член на кралското семејство. Маркл потоа сподели дека „не сака повеќе да биде жива“, а во еден момент посегнала по член на Палатата за помош, но била одбиена.

    Таа додаде дека почнала да се плаши да зборува за своите чувства со Хари, но кога го направила тоа, имала целосна поддршка од него.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img