Редовното менување на четката за заби е клучно за оралната хигиена, но колку пати годишно треба да се заменува според препораките на стоматолозите?
Стоматолозите предупредуваат дека основата за темелно чистење на забите е добрата четка за заби, но влакната се трошат со текот на времето.
На тој начин четката ја губи својата ефикасност во чистењето на забите, што може да влијае на здравјето на забите и непцата. Но, колку долго е „ефикасна“ четката за заби? Според препораките на експертите треба да се менува на секои три до четири месеци. Ова важи за сите видови четки за заби, пишува порталот Крстарица.
Ако влакната се видливо оштетени или истрошени, четката за заби секако треба да се смени порано. Според препораките на стоматолозите, треба да се менува и по настинка или грип, бидејќи бактериите остануваат на четката и можат да предизвикаат повторна инфекција.
При изборот на нова, стоматолозите истакнуваат дека е подобро да се избере со помеки влакна, бидејќи тврдите или средните влакна можат да ги оштетат непцата и глеѓта.
Исто така, важно е да не бидете премногу груби при четкањето – доволно е нежно триење за да се отстрани забниот плак.