More

    ПОЖАРОТ ВО ДОЈРАН СЕ ГАСИ СО ХЕЛИКОПТЕР

    spot_img

    Од Центарот за управување со кризи информираат дека на почетокот на Стар Дојран од десната страна се одбранети куќите да не се запалат, но опасно е поради експлозии од неексплодирани гранати од минатите војни.

    Попладнево има активен пожар во Стар Дојран каде беа зафатени и три куќи. Во гаснењето на пожарот е вклучен еден хеликоптер во овој момент. Како што информираат од ЦУК леталото дејствува многу бргу, бидејќи брзо полни вода од езерото и ја исфрла врз запалената површина.

    Инаку претходно беше извршена евакуација на граѓаните, засега нема повредени.

    Според информациите, пожарот првично избил на депонијата, а поради ветрот се шири и кон градот.

    Градоначалникот Анго Ангов вели дека овој пожар е подметнат.

    – Апелираме за помош од Дирекцијата за заштита за и спасување, бидејќи досега не успеваме да се справиме со огнената стихија која под налетите на силниот ветрот се шири многу бргу. Пожарот најверојатно е подметнат, бидејќи на местото каде што гори пронајдевме канти од моторно масло – изјави градоначалникот Анго Ангов.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img