More

    Ангелов со апел да се прекине со палењето на стрништа

    spot_img

    Во текот на вчерашниот ден на територија на државата имало вкупно 46 пожари на отворено и шумски пожари. Од вкупниот број на пожари, 27 целосно се изгаснати, пет тешки пожари се ставени под контрола, а во моментот активни се 14 пожари.

    Директорот на Дирекцијата за управување со кризи (ЦУК), Стојанче Ангелов преку видео изјава соопшти дека неколку пожари во земјава се намерно подметнати.

    – Вчера детектиравме појава на пожари од искрење на електрични жици. Ќе поднесеме повторно барање до ЕВН да изврши контрола на затегнатоста на жици, иако вакво барање поднесовме пред повеќе од еден месец и пол. Во овој момент немаме докази, но МВР работи на терен и очекувам нивните увидни екипи да излезат со конкретни податоци од што беа предизвикани вчерашните пожари кои избија од околу 11:30 часот до 14:30 часот. Во период од три часа имавме појава на дваесетина тешки пожари врз кои што едноставно поради силниот ветер не можевме брзо да воспоставиме контрола. Ваквите пожари предизвикаа голема опасност по селата и населението, а за жал имаме и едно починато лице – изјави Ангелов.

    Потенцира дека пожарникарите работеле во текот на целата ноќ со поддршка на јавните комунални претпријатија, механизација, локалното население и дел од пожарите ги ставиле под контрола.

    Во овој момент активен е пожарот на територија на општина Македонски Брод кај селата Тажево и Брезница, кракот кон НП „Јасен“. Активен е пожарот и на територија на Кочани во селото Главовица, кој изби вчера околу пладне. Активен е и пожарот кај Прилеп во селото Радобил, а на територија на Прилеп има уште еден пожар кај селото Дабница кој изби во текот на вчерашните попладневни часови.

    На територија на Свети Николе активен е пожарот кај селото Орел и Немањици, каде дејствуваат три „ер трактори“ на ДЗС. Активен е и пожарот над селото Ерџелија и селото Мустафино. Исто така, и на овој пожар ќе дејствуваат три „ер трактори“.

    На територија на Свети Николе има уште еден пожар кај селото Макреш и селото Ранченци кој избувнал утрово.

    Во кумановско, активен е пожарот кај селото К’шање ‎и селото Кокошиње кон Мургаш, кој изби вчера околу пладне.

    Секоја вечер се појавуваат пожари и имаме многу интервенции на отворено над Теарце и над Боговиње. Дај Боже да падне дожд, па да бидеме посмирени, навистина ми е уморна цела екипа од секојдне

    На територија на Старо Нагоричане активен е пожарот кај селото Малотино и Жегљане‎, кој изби вчера пред пладне. На територија на Пробиштип активен е пожарот кај селото Зелени град и селото Јамиште, кој се заканува да зафати квалитетна борова шума. На територија на општина Чашка гори кај селото Оморани во месноста наречена Мукос, пожар кој се провлекува неколку дена, односно кој беше реактивиран вчера околу 16 часот.

    Утрово изби уште еден нов пожар на територијата на општина Дојран кај селото Николиќ.

    Под контрола се ставени пет пожари.

    Ангелов апелира до сите граѓани кои поседуваат викендички или куќи во полунапуштени или напуштени села, да изработат таканаречен мек појас околу сопствените викендици, а до земјоделците и сточарите да прекинат со палење на стрништа и пасиштата, бидејќи, како што посочи, тоа може да биде обид за убиство.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img