More

    Неговата 39 помлада девојка го снимаше, а тој мисли дека е Џејмс Бонд

    spot_img

    Српскиот актер Лазар Ристовски (71) во последно време го привлекува вниманието на јавноста.

    Лазар Ристовски прво се најде во центарот на вниманието поради ненадејниот развод со сопругата Даница по повеќе од три децении љубов, потоа стапи во врска со 39 години помладата Аница Лазиќ.

    Лазар во моментот е на одмор со својата девојка во луксузно одморалиште, а овој пат вниманието го привлече со видеото што го објави на Инстаграм.

    Имено, Аница го снимила додека изронува од базенот на еден луксузен хотел, а во описот на видеото актерот напишал: „Погодете го ликот од филмот“.

     

    Ристовски прво изронил од водата, а потоа полека се извлекол од базенот, за да се затрча како „ѕвер“. Заедно со видеото ја прикачил и музиката од филмот „Џејмс Бонд“, алудирајќи на тоа дека го имитира него.

    Иако на многумина им е смешно оваа видео, ги има и оние кои се шокирани од ова и ваквото однесување на возрасен човек го сметаат за непримерно, па коментираа дека не им е јасно „што му се случило на Ристовски“.

    Инаку, откако објавија дека се заедно, најмногу коментари предизвика разликата во години, а Аница Лазиќ е 39 години помлада од Лазар Ристовски.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img