Дачиќ ја најави присутноста на српската полиција од август на Охридското Езеро

Lorita
By Lorita 3 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Министрите за внатрешни работи на Македонија и на Србија, Панче Тошковски и Ивица Дачиќ имаа плодна средба денеска во Белград, а на која разговараа како да ја подобрат меѓусебната соработка на повеќе полиња.

Како новина од состанокот министерот за внатрешни работи на Србија, Ивица Дачиќ ја најави присутноста на српската полиција од август на Охридското Езеро.

– Од август ќе почнеме со практика каква што не сме имале до сега, таму каде што има многу српски туристи да се присутни и српски полицајци. Четворица ќе бидат во Охрид бидејќи е летна сезона – изјави Дачиќ пред новинарите по средба со неговиот македонски колега.

Тој додаде дека разговарале и за соработка во борбата против криминалот – трговија со луѓе, наркотици, оружје, како и илегалната миграција.

Српскиот министер рече и дека е договорено да се активира; работна група која ќе се занимава со процедурите на граничните премини со цел нивно поедноставување, кога станува збор за патничкиот сообраќај.

– Многу е добро што воспоставивме линија на комуникација кога станува збор за вонредни ситуации – додаде Дачиќ.

Македонскиот министер Панче Тошковски изрази благодарност до колегата Дачиќ за топлиот прием.

– Овде се чувствуваме како да сме дома. Имавме одлична средба во текот на денешниот ден и разменивме искуства и информации во насока на силна полициска соработка меѓу двете земји – рече Тошковски.

За нас е круцијално, вели Тошковски, да можеме да можеме во заедничка соработка да делуваме против криминалните групи и да се справиме со организираниот криминал.

- Advertisement -
Ad image

– Фокусот на разговорите беа и подобрување на соработката во делот на граничните премини. Оценивме дека можеме да ја подобриме фреквенцијата на луѓе и возила во рамки на премините. Се договоривме да формираме работна група и дека за краток период ќе дадеме резултати кои ќе нè доведат до проверки на една позиција, а не на две, како што е досега. Во суштина да го примениме „One stop“ за проверка на нашите државјани – изјави Тошковски на прес-конференцијата со српскиот министер Ивица Дачиќ.

Тошковски ја потврди информацијата на колегата Дачиќ дека четворица полицајци од Србија ќе се упатат во Македонија во текот на август, со цел да делуваат на подрачјето на Охрид каде ќе има поголема фреквенција на српски туристи. Министерот на крајот од своето обраќање ги повика српските новинари да бидат гости кога ќе започне оваа соработка во „македонскиот бисер“.

Share This Article