More

    Министерството за правда на Косово одби да назначи српски судија на Уставниот суд за нотар

    spot_img

    Министерството за правда на Косово одби да го назначи судијата на Уставниот суд Радомир Лабан за нотар по добиените информации за неговиот интегритет од Косовската разузнавачка агенција (КИА), потврдија за Радио Слободна Европа.

    Лабан претходно беше препорачан како нотар од комисија која работи под Министерството за правда.

    Ова за РСЕ го потврди Генц Нимони, шеф на кабинетот на министерката за правда Албуљена Хаџиу.

    Потврдувањето на документот кај нотар е официјален процес за спречување на можна измама и начин страните вклучени во договор или трансакција да бидат сигурни дека документот е автентичен или валиден.

    Косово со години се соочува со дефицит на нотари. Во повеќе од 15 општини воопшто нема.

    Врз основа на податоците на Нотарска комора, досега на Косово имало 49 регистрирани нотари кои биле именувани во 2012 година. Оттогаш нема нови назначувања.

    Врз основа на законот, бројот на нотарите и нивните места го утврдува Министерството за правда, со назначување на најмалку еден нотар за општина. Тој број може да се зголеми и со одлука на надлежното министерство, со именување на еден нотар на 10.000 жители.

    Во периодот по 2012 и 2019 година започна процесот на именување на нови нотари, но истиот беше откажан од министерката за правда Аљбулена Хаџиу со образложение дека имало злоупотреби при тестирањето.

    Поранешниот министер за правда Абелард Тахири (Абелар) од Демократската партија на Косово ги отфрли овие обвинувања, истакнувајќи дека „процесот на избор на нотар бил редовен“.

    Случајот отиде и на суд, а во февруари 2022 година беше донесена одлука дека откажувањето на конкурсот е незаконско.

    Целиот процес потоа беше рестартиран од нула во 2023 година.

    На 15 јули Министерството за правда ја објави одлуката за именување на 100 нови нотари за различни општини во Косово.

    Меѓу нив, пак, нема ниту еден од редовите на српската заедница, иако на конкурсот се пријавиле петмина. Досега со оваа работа се занимаваше само еден припадник на српската заедница во општина Ново Брдо.

    Од Министерството за правда тврдат дека ниту еден српски кандидат не ги исполнил критериумите.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img