Нови В.Д. директори низ здравствените центри од денс во Охрид. Со ЈЗУ Кардиолошки центар „Свети Стефан“ ќе раководи Др Билјана Тегоска, со ЈЗУ специјална болница за ортопедија и трауматологија „Свети Еразмо“ ќе раководи Др Хари Шокароски, а додека со ЈЗУ Здравствен Дом Охрид ќе раководи правикот Александар Гушоски.
Од здравствените центри во Охрид останува уште ЈЗУ Центар за јавно здравје,во кој цнтар досегашниот директор Сашо Точков одбил да си поднесе оставка, а од министерството за здравство испратиле контрола во ЦЈЗ Охрид со цел да го проверат работењето на Точков.
Интересен е фактот, дека лицето Сашо Точков во време на министерувањто на Венко Филипче, експресно беше разрешен, од како контролата на МЗ утврдила дека Точков поседувал фалсификувана диплома за завршено Високо образование, но и низа од финасиски далавери со ковид тестови, но затоа по смената на Филипче од страна на Миле Зеќевиќ овој вечен кадар беше повторно вратен за директор, и покрај тоа што ЈО водело постапка против него, каде како подносител на кривичната пријава се појавува токму МЗ.