More

    Новинарка на Радио Слободна Европа осудена на шест ипол години затвор

    spot_img

    Судот во Русија ја осуди новинарката на Радио Слободна Европа (РСЕ) Алса Курмашева на шест и пол години затвор поради ширење лажни информации за руската армија, соопштија денеска претставници на судот. Судењето беше тајно.

    Пресудата беше донесена во градот Казан во петокот, истиот ден кога новинарот на Волстрит журнал Еван Гершкович беше осуден на 16 години затвор во Екатеринбург за шпионажа.

    „Курмашева е осудена за ширење лажни вести за руската армија“- се наведува во соопштението на врховниот суд на руската провинција Татарстан.

    Директорот на РСЕ, Стивен Капус денеска изјави дека пресудата против Курмашева е „исмејување на правдата“ и дека единствената правична пресуда е ослободителна.

    – Крајно време е оваа американска државјанка, наша драга колешка, да се врати кај своето семејство – рече Капус.

    фото: МИА

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img