57-годишен гостин од Хрватска бил пронајден мртов во хотелска соба на подрачјето на општина Гази Баба. Случајот е пријавен во полиција, а телото на починатот е предадено на одукција.
„На 21.07.2024 во 06.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека во соба во хотел на подрачјето на Гази Баба бил пронајден починат Е.Ш.(57) од Хрватска, кој бил гостин во хотелот. Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот било дадено на Судска медицина за обдукција“ – информираа од МВР.