More

    Болничките капацитети на Клиниката за онкологија треба да се растоварат, изјави Таравари

    spot_img

    Министерот за здравство, Арбен Таравари, изјави дека здравствените капацитети на Клиниката за радиотерапија и онкологија треба да се растоварат, со што дел од пациентите ќе се префрлат во Градската општа болница „8 Септември“.

    Според Таравари, ГОБ „8 Септември” веќе има капацитети за полесна онколошка терапија, а целта е децентрализација во здравството, односно пациентите да почнат со одредена терапија во ГОБ „8 Септември“ за да се растовари Клиниката за радиотерапија и онкологија.

    Министерот рече и дека салите во ГОБ „8 Септеври“ заслужуваат подобри услови бидејќи нивната моментална состојба е лоша, со што ќе се разгледаат средствата од државниот буџет за финансиска помош.

    – Салите во ГОБ „8 Септември” работат колку и тие во клиничкиот центар – додаде министерот за здравство.

    Таравари рече дека се надева оти ќе вработат сестри, персонал и специјализанти – студенти од 5-та и од 6-та година на Медицинскиот факултет – онаму каде што што има недостиг во болниците.

    Тој изјави и дека со неговиот тим го виделе акцелераторот за терапија на пациенти со канцер, а тој би требало да биде пуштен за околу 6 месеца.

    – За да се пушти акцелераторот во функција, требаат најмалку 3 месеца, треба да се направат контроли, специјалисти да кажат во што треба да се инвестира, а за 5-6 месеци би требало целосно да биде функционален. Но, тој почнува да се користи, па ситуацијата е добра. Дајте ми рок од 6 месеца – изјави Таравари.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img